Јас не сакав да чујам за него; како можев јас селанче да одам во град , таму да бидам никој и ништо... би било смешно, не знаев да се снајдам и се плашев а, впрочем, и не сакав да се мажам толку рано.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И тоа што не беше од камен – се скамени Та народот на крст ја преноќи ноќта Слушајќи како пеат светците темно како пред погуба: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво Ќе управува само со ѕвездите И пусто ќе биде никој ако не го прескочи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)