Да речам: колку е убаво река да тече сред град; да имаш плажа на дланка; ама не е убаво дека не нè оставаат да одиме на река; а кога бегаме велат дека сме непослушни и лоши деца; па и тоа да е точно, нека е така; кога ќе бидеме ние татковци, нема да им пречиме на нашите деца; ако сакаат, секој ден нека одат на Вардар; секако, тогаш ќе има убаво средена Градска плажа - со кабини за соблекување, со ситен песок за лежење, со киосци за сладолед - сè средено така што нашите деца нема да се плашат од витли; и сѐ така некакви штогодерии зборувавме, како што вели баба ми - ПАДНИСТАНИ.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сонцето ќе им биде заедничка чинија плод, бедем ќе им бидеме ние, живите, а сенка тие и немаат зашто самите се светлина.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Како ќе бидеме ние со неа без мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Секое наше движење, говорење, дејствување и дишење, го препознававме во она што не правеше да бидеме ние, за кое немавме рационално сознание и кога совршено се согласувавме и кога жестоко се спротивставувавме еден на друг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во парламентот гласаа дека за да се вратиме дома, треба да не бидеме ние, туку такви , какви што тие сакаат да бидеме ние.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)