биде (гл.) - управува (гл.)

Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не само што секој консензус постои како „привремен резултат на провизорна хегемонија, како стабилизирање на моќта... и секогаш подразбира некаков облик на исклученост“ 110, но, исто така, проектот на пристигнувањето до консензус без исклученост имплицира „искоренување на политичкото“111 и „истиснување на политиката од страна на моралноста и законот“112: „Кога општеството не поседува динамичен демократски живот со вистинска конфронтација меѓу разновидните демократски политички идентитети, теренот е подготвен за други форми на идентификација да го заземат нивното место, идентификација од етничка, религиозна или националистичка природа, којашто води до појава на антагонизми кои не можат да бидат управувани од страна на демократскиот процес.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)