биде (гл.) - прогласи (гл.)

Се разбира, немаше никакви аргументи поимот баклава да биде прогласен за опасен и со оглед на неговото присуство кај сите балкански, медитерански и азиски народи во некогашниот состав на Османската Империја, но речиси и во целиот свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски беа во прекрасно, победничко расположение, дојдени до крајот на мисијата, коешто тешко можеше да го разбере некој друг, освен тие двајца.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, кој Х.Џ. како тужител го иницираше во јуни 2009, тој беше застапуван од полномошник- адвокат – инаку негов личен пријател, кој и му даде дополнителен поттик за покренување на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Промената на работно место, а посебно промената на градот отвори многу проблеми за Марковски: тоа значеше обезбедување место за престој, средства за пат – а тие трошоци беа повеќе од платата која тој ја примаше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова за него претставуваше нова психолошка игра, па затоа реши да бара да биде прогласен како технолошки вишок, како најприфатливо решение во моментот!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој синдикат, чие целосно име беше Независен синдикат на сообраќајниот пер- сонал на железничарите на Македонија, а од 2005 се преименува во Асоцијација на независни синдикати на сообраќајниот персонал на железничарите на РМ – „Железничари“, уште од порано т.е. од самото формирање не беше и не е дел од ССМ и дејствува сосем самостојно и независно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Работната атмосфера во претпријатието, особено пред крајот на т.н. „транзициски период“, беше прилично стресна и напната – затоа што следуваше болен период на трансформација и се очекуваше голем број на работници [вкупно преку 700 вработени], да бидат прогласени за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој би требал да биде прогласен за тапа на годината, а не јас!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со овој твој мизерен дух не би можел да завршиш ни трето одделение!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За Хундертвасер кич е нешто што поголем број луѓе го сака, а таквите луѓе предметите ги кријат во своите домови, за да не бидат прогласени за назадни и невкусни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суштинската промена, пак, се однесува на смалување на опсегот на важење на погореспомнатите услови за престанок на работниот однос, и тоа од „сите работници кои се отпуштаат“, само на онаа група работници која ќе биде прогласена како технолошки вишок (чл. 7, ЗИДЗРО/00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ме очекуваше да одиме заедно во градот, до градската куќа, каде што се очекуваше Мајка Тереза да биде прогласена за почесен граѓанин на својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)