биде (гл.) - прими (гл.)

Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вашите авторизирани писмени извештаи ќе бидат примени, со почетокот на следниот месец, на нашите пунктови низ Градот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби тоа што го реков можеше да го разбесни, бидејќи можеше да биде примено повеќе како сожалување, отколку како нешто друго.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поттикнат и лично од козјата кауза која ја замислуваше и застапуваше Андре Декостер за економски препород на Македонија, но песимист за нејзиното целосно реализирање, се ангажирав по дипломатски пат, тој да биде примен на високо ниво при својата посета на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше инструкции за барање прием кај Фарук Кадуми, доколку не бидам примен кај Арафат во врска со неодложни прашања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така очекував во Алжир да бидам примен на голема врата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поголемиот број од телеграмите се однесуваа на палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојот поранешен пријател од Арапската Лига Лакхдар Брахими, тогашен министер за надворешни работи во Алжир, ме охрабри да ја преземам мисијата, утврдувајќи ми термин за средбата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Козарите кои го минаа и фашизмот со козите, се прашуваа зошто со нив да не бидат примени и во социјализмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По мала Богородица дојде еден сапотничанец и побара да биде примен во четата. - А што те натера, го праша војводата, дали имаш некој убиено, или сакаш некого да убиеш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)