биде (гл.) - претстави (гл.)

Се грутчеа, небаре семејно ќе бидат претствени пред Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зашто претпоставувам дека новите вработени при Министерството за „највнатрешни“ органи, во одделот за катадневно следење на „дешавките“ во дневен боравок ( 20 поени)блиска „средба“ на француски кревет (40 поени) и каква било активност во тоалет (69... поени) ќе го снимаат материјалот и... потоа и ќе ни го понудат на пазарот во форма на ЦД,убаво спакувано со обвивка на која како колаж ќе бидат претставени најбитните моменти од долго или краткометражниот филм.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Костадиновска, која е добро информирана за своите работнички права, одлучно истакнува дека и во иднина, без двоумење, би тужела доколку ѝ биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3. Удел во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во ЈТД, КД и ДОО – при што, секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност (чл. 3, ст.1, ал.49 од ЗТД). Значи, содружникот може да има само еден удел!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, иако досега не била активна на поле на работничките права, таа е свесна за предноста од организираното и заедничко настапување пред работодавачот, во форма на синдикат, и во иднина би се вклучила само во некој независен синдикат, ако за тоа ѝ се укаже можност (бидејќи ССМ не ги признава за синдикат!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се најдов во една делегација на Албанската драма при Театарот на националностите во Скопје која требаше да избере неколку театарски претстави за да бидат претставени во главниот град на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во овие друштва не е утврден минимум врабо- тени како услов за остварување на правото на работниците на учество во управувањето и тие можат да бидат претставени со најмногу 1/3 од 5.  Устав на Италија (чл. 46), Устав на Норвешка (чл. 110), Устав на Холандија (чл. 19), Устав на Португалија (чл. 54, 80, 86 и 89), Устав на Словенија (чл. 75), Устав на Хрватска (чл. 55).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5.  Уделот во друштвото, согласно дефиницијата во Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ, 28/2004), претставува севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)