биде (гл.) - исмее (гл.)

Стоев и гледав стрештено во него, оти и јас така сум мислел, но не сум се осмелувал тоа да го искажам ниту пред Лествичникот, ниту пред Граматикот, ниту пред Пелазгиј Асикрит, за да не бидам исмејан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакав да им раскажам за облакот светлина, за музиката, за боите, но се плашев да не бидам исмеан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)