Се плашела да се наведне над бедемите да не би да се види во езерското синило, во небесното огледало.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да те најдам, изгубен мој
да завиваш од радост
да немеам од чудо.
од што ќе одекне мојот молк
планините да се огласат
ем да ечат, ем да квичат
да не би да се откажеме од нив!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Засрамена од таква мисла дури нејќе да погледне во снаата, да не би да ја открие. - Душа човечка - лакомштилак!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- си го задушува офтежот баба Петра, да не би да ги разбуди заспаните.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)