би (гл.) - мора (гл.)

При ваквата положба во гратчето ретко кој би се осмелил да преземе акција во која би морале сите да се ангажираат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Би морале да успеат, разбираш! - А ние мораме ли? - Јас морам, а ти чекај ме долу! - рече Бојан и зачекори по стрмнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Совпаѓањето на самото презиме како презиме не би морало многу да значи, зашто постојат толку исти имиња и презимиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој контекст би морал да го цитирам Монтењ: „Ги сакам селаните, тие не се толку учени за да резонираат наопаку”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)