би (гл.) - има (гл.)

Прво: Ако се вистински актери, би имале потреба, како што би рекол Гротовски: „Да снесат јајце, да ја испразнат или промовираат креативната моќ, онаа што не ги остава мирни ниту дење ниту ноќе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак, да ги споредуваме со цел да ги сместиме во хиерархиска структура, не би имало никаква смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во еден свет во кој секој би работел само неколку часа дневно, би имал доволно храна, би живеел во куќа со бања и со фрижидер, и би поседувал сопствен автомобил или дури и авион, најочигледниот и можеби најважниот вид на нееднаквост, би исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човек толку би бил изморен од живеење што во животот не би имало ни реска од рај туку открај накрај тој би бил само пекол.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако младината низ сето школување би била поттикнувана да ги оспорува Десетте заповеди, светоста на верата, основите на патриотизмот, мотивите за стекнување добивка, двопартискиот систем, моногамијата, законите за родосвернување итн.... ...би имало толку многу творештво што општеството не би знаело на која страна да се сврти. okno.mk | Margina #22 [1995] 37
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само органот за множење, делење и вадење функционира беспрекорно. Кога би имал именителка, би му дал малку да поработи со дропки.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Фројд би имал објаснение за ваквото држење, но не кревам поглед кон неговите дела десно на полицата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Авторот сфати дека Едо не би имал што повеќе да рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Подобро кога би имале планинарска опрема.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога би имал камера и кога би зумирал, човек би можел да ја види мојата отворена дланка и грчот на лицето во настојувањето да ги видам поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа беше само една од оние горешти далги и малку подоцна таа помина, а тој мислеше: Кога би имал нешто да им речам, кога би ми дошло нешто такво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Предноста на давањето целосна поддршка на Тито, според експертите, „би била во тоа што би поддржувале можен победник и тој не би имал толкава потреба да бара поддршка од Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, според британските експерти, во средината на 1944 година, штетите веќе станале очигледни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)