бере (гл.) - дрво (имн.)

Крсте остана да бере дрва со Кулета кој продолжи да служи кај попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе се глава негде, дотко. Ќе бера дрва кај некој чорбаџија, колку лебот да го јада и пинците да и кина, — ѝ велеше Крсте на сестра си Бисера со плачни очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Руса стана да живее кај своите, но еднаш, во време барање дрва за огрев (еднаш во годината, во октомври, жителите на Потковицата ја кастрат гората и берат дрва за огрев) дали некој ѝ рекол или сама дошла на таква помисла, дека Јован Дамчески и таква, огрубена, ја чека дома за да ја земе за невеста и отиде кај Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почнаа да викаат „Сиромаси Власи, бери дрва греј се, пули краци смеј се...“ Жените на тоа почнаа да се срамат и да им се подлутуваат „Уф,туф, како не ви е срам!“ ама не со лутење туку со смеење и кикотење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ајде сега строфата“, му вели. „Еве“,ѝ вели Едо и полека, ралатно и гласно рецитира: Сиромаси – Власи, Бери дрва – греј се, Пуљи пички – смеј се.'' „Со три повторувања.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму не ораа, не копаа, не береа дрва.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но денот се издолжи, јас, берејќи дрва се изморив и прегладнев, а немав што да каснам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Досега одеше толкупати во Караорман, береше дрва, но во тоа место не беше дошол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Иако уште млад, тој мораше да оди на дрва во Караорман, сам да бере дрва, да ги продава во Струга и да ја издржува целата куќа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа е секој ден во Караорман и бере дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Татко му на Трајчета, селанецот Тане, двапати неделно одеше во Караорман, береше дрва и ги продаваше во Струга и Охрид.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Зошто татко ти не бере дрва, а те пуштил тебе сам?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)