Продолжи да зборува и да бележи во еден свој нотес.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше задолжен да ги хушка кучињата што излајале по интернетот и сето тоа прецизно да го бележи во неговата црна книга со какушки за која беше дебело платен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Разговаравме. Јас бележев во нотесот, зашто имав намера да ги изнесам и на хартија моите импресии од оваа посета на Монмартр.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски внимателно слушаше, одвреме-навреме бележеше во нотесот пред себе, макар што имаше да каже свои забелешки за милетот, тој не сакаше да го прекинува Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јунаците на Флобер поразните резултати од нивното трагање по науките ги бележат во речник на излитени идеи (idеѕ ruеѕ).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LVII Татко и Климент Камилски по херојското соочување со сите речници во потрагата по ориентализмите во балканските јазици по којзнае којпат се соочуваа со невозможната мисија да допрат до сите заемки и конечно да ја состават наумената листа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа си ги бележев во фајловите на сеќавањата и ги чував само за себе и за грст пријатели.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)