О Време, о Собитие!
Присуството завива ко жеден пес
растојанието се стеснува во секавични
контракции
нема каде да бегаш
се спрепнуваш од себеси
од другите, од драгите
- конечноста е вообичаено обележје
на овој свет -
сфаќаш, ама не вреди
- традицијата не е на преден план
за тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тогаш ѕидот што ми бегаше се отвори и јас го видов, понеже сакав да го видам него, што можеби и не бил навистина жив факел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се напрегав и им бегав, секако морав прв да го видам здрав и насмеан Круме Арсов, да го допрам со прсти, да му раскажам дека сум го сонувал запален.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)