бев (гл.) - ли (чест.)

Кажете ми сега, беше ли потребно да правиме од мувата слон и за ништо да креваме ѓулуртија?“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам, но во лавиринтот јас влегов како Ема Ендековска, со силна страст и енергија за успех.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам кој ме вовлече во таа игра; беше ли тоа Нинослав, беше ли тоа Круме Волнаровски, беше ли тоа разработен план или само игра на случајот?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше ли возбудливо?“ „Секако“, рамнодушно одговори Елефтерија. „Љубопитството бара да биде задоволено“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се плашеше ли таа од него? Го беше ли сонувала веќе и сега го препознаваше?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше ли насмевка или потсмев, не знам. Тоа ме столчи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не беше ли тоа северната цибрина со своите бели ноќи?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да господари во срцата ваши мир божји за кој сте повикани со благодарност да се покорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше ли така кажано во Библијата што мајчето Минадора ни ја читаше еднаш во годината?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И беше ли целосна мојата радост?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)