бев (гл.) - барем (чест.)

Да беше барем малку пофин, барем малку посовесен, можеби ќе останев. Инаку, зошто би бегала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Низ целиот живот Duchamp себеси повеќе се сметаше за поет отколку сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во секој случај, да се биде поет за него беше барем исто толку важно како и да се биде сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова беше барем можно со овој човек макар и сега да се разговора со лице излезено од „театарската сцена”, со спуштена маска.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како не беше барем татко ми тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За овој човек, кому височините на скелињата му беа и судбина и леб, сега веќе немаше место онаму, каде што беше барем малку подигнато од земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Новите потврди, навистина, бараа ново молење и уште толку ново чекање, но установите што ги издаваа беа барем толку мудри да не се селат многу подалеку од центарот на градот - како што тоа го правеа гробиштата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А што можеше да биде тоа, ако не беше барем грижата за веќе мртвите нешта?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ване беше барем толку присебен да му остави на Азис банкнота а не металка, промрморувајќи „за телефонот”, и да му ја стисне раката во отсуство на друг другар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
“Супер, тогаш ќе сме можеле да правиме mènage à trois.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа беше толку блиску, еден добар бран можел да ја донесе веднаш до нас.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да беше барем подалеку.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)