бев (гл.) - дека (сврз.)

Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа што го разбрав беше дека луѓево навистина имале причина за тревога.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Првото што го забележав беше дека ми снема едно цело пакување сол. Подоцна открив дека овие од Пустенец ја изеле со малку леб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вечерта кога ни јавија дека е повредена ги молевме болничарите во Градската болница да нѐ пуштат да ја видиме, барем на кратко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека ќе ја видам истоштена, ама жива.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Првичната проценка на докторот, колку што се сеќавам тогаш, беше дека повредената нога ќе ѝ биде покуса, за некој сантиметар! Татјана ќе криви!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Убедена бев дека е тоа крајот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не ги снимивме сите секвенци во челзи, нешто снимивме на Третата Западна улица, кадешто живееја Велветите, нешто во становите на пријателите, нешто во Фектори - но идејата беше дека сите тие луѓе би можеле да бидат станари на еден ист хотел.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така добив идеја да ги спојам деловите од животот на сите тие луѓе, поврзувајќи ги така да изгледа дека сите тие всушност живеат во ист хотел.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А, да, зборот ми беше дека баш синоќа, во состојба кога главата ми беше полна со зборови, мисли, горчлива течност, “правила”, не земав лист хартија да ја исфрлам сета мачнина, “епохална самотија” само затоа што знаев дека денес ќе ја добијам машинава и сето тоа иако во главата внатре е хаотично, ќе биде посредено со помош на овој предмет пред мене кој бил, освен прашината, голема инспирација за Ли.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Другото значење беше дека нема што повеќе тој да чека од таа љубов, тоа е сѐ, тоа е крајното, најубавото и единственото што му го дава таа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бараше да ѝ раскажам како ми поминал првиот училиштен ден во петто одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па најважното беше дека ја гледав Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не бев расположен да ѝ раскажувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оцените на ГШ беа дека во Источна Македонија постојат поголеми услови за успех.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не знам што се славеше, но сигурен бев дека ечеше познатата Смоук он д вотер, а некој од гостите силно го наруши континуитетот и ја рокна Сузана Газова од дивидито на мојата дневна соба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вистина беше дека Татко, повеќе мислејќи на Мајка, на нас децата, го потпиша договорот за хонорарот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И колку беше таа понежна и помила, и на сѐ одвратуваше само со солзи и со молба да се опаметам и поверувам во нејзината невиност - толку посигурен бев дека се преправа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кутриот дедо Димо! Свесен беше дека многу малку од она што го зборува допира до свеста на дедо Иван, но со ништо друго не можеше да му помогне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сигурен беше дека постои. И пак бараше, и пак бараше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јасно му беше дека тој пламен не може да значи ништо убаво ни весело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше способен да размислува, а чувствуваше дека е должен на некој начин да пронајде лек за својата загриженост, за својот страв, да пронајде начин да се одржи во оваа дивина, во оваа осаменост, да го зачува и добитокот и колибата, и се убедуваше дека постои некое решение, убеден беше дека постои. Само какво?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И убеден беше дека, ако се обидат да се пробијат кон планината, тоа ќе биде по настојување на дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но на Грдан тоа му беше сеедно, важно му беше дека сега ќе има колку за соба и леб, повеќе не бараше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првичниот страв на Милан беше дека грабливиот ѕвер влегол во кокошарникот и сè живо исклал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистина беше дека Тито сè уште се плашеше од Домаќин.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тенденциозното тврдење кое се репродуцираше во јавноста беше дека со измените на овој закон ќе се решат проблемите на околу 6.000 стечајни работници и истите ќе го добијат ветеното материјално обезбедување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Очигледно беше дека јас ги изненадив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Првото што го помислија луѓето беше дека пак доаѓаат мароканските скакулци со црвени крилја, ама се виде оти тоа не е ништо друго, туку прав, ама како со чурило што рие право по патот нагоре и, ете ти ја правта влезе в село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сигурни беа дека Брчалото кога-тогаш пак ќе се појави, можеби со уште поголемо фјучер за нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Првото што еден во друг си го видоа во очите беше дека двајцата во Бога бараат спасение што, еве, со помошта на златен свети Наум и го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Следното забележување беше дека иако шумот на чекорите не расте и станува сè повоздржан, сепак бев сигурен дека тие се приближуваат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И сите мислеа дека логотетот и Лествичникот гласале за Филозофот, дека душата своја само тие двајцата му ја дале, милоста благоутробна своја; сите мислеа така, оти предлогот го даде Лествичникот со уста своја и грев беше, хула бесчесна беше дури и да се помисли дека тој не гласал „за“, или дека логотетот не гласал „за“; но само јас знаев дека Лествичникот е погано и лажливо куче, со око побелено, оти знам дека и јас гласав за Филозофот, а мојот глас, третиот, го немаше; а го немаше затоа што Лествичникот беден беше гласал против Филозофот, еднакво како и другите, и најлицемерен од сите нив излезе, оти устата негова предлог даде што го отфрли душата негова, и оти вистина беше дека само јас и логотетот бевме вистинските пријатели на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ајде, батка, спушти ја топката. Заборави! Ништо не реков, ништо немам против жената. Земај слободно од ќебапчињата. Уште се топли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поверојатно беше дека се обидуваше да ме вразуми заради моето недоветно однесување во кое не постоеше речиси никаква почит и тоа во ваков, да го наречам со обични зборови, скрбен момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За нејзината одлука дознав неодамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Конститутивна моќ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога првпат почнав да го употребувам терминот “разговор” во врска со спроведувањето на терапија (de Shazer, 1988) сѐ што имав на ум беше дека она што едноставното набљудување го открива, е дека најголем дел од времето терапевтите и клиентите наизменично зборуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е за начинот на кој мојот тим и јас го употребуваме зборот. 36 Margina #4-5 [1994] | okno.mk *** Нема ништо надвор од тераписката средба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Концепцијата на Фуко (1980), беше дека модерната моќ е конститутивна или „позитивна“ по својот карактер и ефектите, а не репресивна или „негативна“, не е моќ која се потпира на забрани и ограничувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да не предизвикаше скандал мојон предмет Како да се биде геј и да не предизвикуваше нови скандали, веројатно никогаш немаше да се натерам да ја напишам книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, штом толку се озлогласи предметот, јасно беше дека тука ќе мора да правам многу повеќе за да го оправдам целиот проект – да се зафатам со темата на некој издржан, макар и делумен, начин и да дојдам до некои вистински одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно ќе си го предавав предметот, ќе си ги користев расправите за да ги истражуваме средишните прашања за машкиот геј-субјективитет кои ме збунуваа, ќе ми доаѓаа разни идеи, хипотези и решенија, ќе ги обработував со една генерација студенти, па одвреме-навреме, кога ќе ме заблеснеа мигови на просветлување, ќе си објавував огледи на таа тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јасно беше дека целата работа е пропуст на еден дел од Метеоролошкиот завод: Во средата попладнето, кога жителите почнале да се евакуираат, заводот издал соопштение дека ураганот нема да удри пред четвртокот навечер.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Македонци, браќа и сестри мои, и јас, полн со омраза, та жеден трагајќи да го изгаснам огнот нејзин во градите свои, мислев дека одам кон Дамаск, а вистината беше дека бесцелно лутав заслепен од гневот и од лутината свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Потоа тој продолжи, се разбира вака пикнат во мене, да ми зборува а основно во сето тоа беше дека на работа му дошол “мојот” сосед од катот под мене и му се жалел на неподносливата врева што секоја вечер се слушала од “кај мене”, дека тоа немало смисла, дека сакал пензионерските денови да ги мине на мир со жена си, дека било мошне некултурно и непристојно од еден толку културен и пристоен човек каков што е другар ми така да се однесува и слично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Важно беше дека бев јас утепан. Ништо друго не беше важно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Очигледно беше дека заораната бразда на Долгиот, сѐ уште не беше ја порамнило времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Важно беше дека го отвори резултатот и поведе со еден нула.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мојата сатисфакција беше дека сѐ што зготвив се изеде.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Муабетот ми беше дека додека јас, избеганата од болница, стоев и менував улоги од драмата „Една жена седум лица“, поминаа десеттина добри коли и два џипа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Круцијалниот проблем беше дека наставниот кадар не разбираше дека ако станиш во шест ипол насабјле шансите да ти се спие се ептен големи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Првата работа што им паѓаше на памет беше дека тоа ќе влијае врз продуктивноста на самоуправувачите.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Денес сме во војна! - Каква војна бе, нели зборот беше дека ќе живееме сто години во мир?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А јавна тајна беше дека си кријат од стоката, дека ја крадат, ја јадат, или едноставно ја чуваат за да им ја продадат на угледни особи, или другарчиња.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Авторот претходно вели дека она што се нарекува сараевска поп школа беше дека денција во тогашната ју-музика и во моја послободна интерпретација, бламажа за градот што даде музички состави од типот на Бјело Дугме и Забрањено Пушење.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Јавна тајна беше дека гардискиот мајор ја убива Билјана од ќотек кога ќе се испијани.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јавна тајна беше дека Стојан тоа никогаш не му го заборави.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Очигледно беше дека го слушнаа нивниот разговор и дека не им се допаѓаат нивните заебанции на сметка на Владимировски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Утрото, додека нејзиниот сопруг во Барселона не можеше да пронајде никаква трага од неа, мораа да ја однесат во амбулантата, зашто ја пронајдоа онесвестена во локви од сопствената нужда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Официјалната верзија беше дека таа црна овца е од една позната, стара фамилија и дека имала бурна историја на сомнителни несреќи во неколку лудници во Шпанија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одговорот беше дека на денешен ден ѝ било роденден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Претпоставката беше дека само моите се против него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Главната теза во дописот на Аполинер беше дека Германците залудно се бореле против француските зборови во германскиот јазик, сметајќи ги за бесполезни паразити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една од неговите постојани мисли која му се вртеше во главата и која на Татко постојано му ја кажуваше во различни варијанти беше дека секоја европска цивилизација во својата суштина била заснована врз свирепост, злосторства, варварство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Господ еден ќе знае колку лудите доаѓале до сината боја, но познато беше дека им дејствувала како многу полезен лек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно му беше дека шансите за смирување и прифаќање на нивната љубов од страна на нејзината фамилија се минимални, односно невозможни, но, не можеше туку-така да се откаже, да се помири со фактот дека е крај на сѐ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јасно ми беше дека ако ја убиев, истото и мене ќе ме снајдеше, не смеевме никако да убиваме за такви причини.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш јас не можев да поминам преку тоа, ја зедов пушката и без многу размислување за малку ќе ја убиев да не ме спречеа тие странските борци, само реков: А за кого ние се бориме?!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеше да биде испарена, можеше да изврши самоубиство, можеше да биде префрлена на другиот крај од Океанија: најлоша и најверојатна од сите можности беше дека едноставно се предомислила и решила да го одбегнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можно беше дека буквално секој збор во историските книги, дури и работите што се прифаќаа без поговор, се чиста измислица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доволно беше дека таа го надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но помислата дека е луд не го вознемируваше премногу: страшното беше дека тој можеби не е ни во право.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште поверојатно беше дека никој и не знае колку биле произведени и дека уште помалку се грижеше за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едната, многу поверојатна, беше дека девојката е агент на Полицијата на мислите, токму како што страхуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што забележа беше дека во просторијата има две мали маси точно пред него, секоја покриена со зелена чоја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очигледно беше дека оној вид средба што се случи тоа утро не можеше да биде повторен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чудно беше дека самиот факт што ја држеше таа фотографија во рацете му изгледаше значаен дури и сега, кога самата фотографија, како и настанот што таа го забележуваше, беа само сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствената сигурна работа беше дека смртта никогаш не доаѓа во очекуваниот момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што ненадејно го здогледа во светлината на ламбата беше дека жената беше стара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што најмногу го засегаше, како еден вид ноќна мора, беше дека тој никогаш не разбра сосем зошто се прави таа огромна измама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно беше дека таа на целата војна гледаше како на измама: но очигледно беше дека дури и не забележала оти името на непријателот е променето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистина беше дека тој е непријател на Партијата, а во очите на Партијата немаше разлика меѓу мислата и делото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше да стане збор за реска граница, но забележливо беше дека во вечерните часови и во ноќите, собите ги користеа угледни господа кои, заради дискреција, ги пуштаа партнерките сами да влезат во зградата додека тие во колите извесно време пребаруваа нешто што никогаш не им беше потребно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, тоа што тогаш најмногу ме загрижуваше, и за тоа што секогаш ќе жалам и нема да имам мир, беше дека болеста многу те измачуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нивното мислење беше дека треба да примаш и радиотерапија и хемотерапија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Првите зборови на докторите беа дека имаш чир.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Читав едно, па друго, па трето…, купишта информации, разни случаи, но едно што од сето тоа го запомнав беше дека само 10% од пациентите преживуваат до 5 години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Радосната вест беше дека Гаврил успеа да добие стипендија за трета година училиште во Масачусетс, во "Деерфиелд" училиштето.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, овој 9.  Ставот на ССМ беше дека работничката книшка не требаше да се брише, иако, компаративно гледано, во регионот тоа го стори и Хрватска.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нивниот став беше дека, на тој начин, ќе се зголеми мобилноста на работната сила, бидејќи му се овозможува на работникот да го промени работното место за некое подобро место без да има пречки од типот на задржување на работничката книшка од работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А свесна беше дека на тој начин и самата ќе закрепне...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Свесен беше дека не може да допре до нивните закоравени умови. Бесчувствени срца.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јасно ѝ беше дека тоа не е писмо, ниту пак се пари од Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За забележување беше дека сиот тој народ беше муслимански -Турци и Цигани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Негова идеја беше дека ќе имаме на располагање библиотека на информации, што ќе можеме брзо и ефикасно да ги пребаруваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вистина беше дека, при читањето, Татко редеше нови пластови знаење во својата душа, а Мајка беше пови­кана да ги проверува овие вистини во животот, како све­тли­­на на нејзиното семејство кое стануваше мала ѕвезда во балканските темнини... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сигурно беше дека имаше нешто да разјаснува за знамињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковата филозофија на егзилот беше дека низ патувањето во лавиринтот, во движењето е поблиску до суштината на животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Б: Моја инстинктивна реакција беше дека тие нешта се одвратни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не знам зошто но првиот мој впечаток беше дека на тронот не му е местото до ниската стаклена маса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добро, иако знам дека мојата фантазија умее да соедини и нешта што по правило тешко се сместуваат едно покрај друго, утринава, откако дознав дека Загорка Пепрутката исчезнала, првата помисла што ме опседна, беше дека постои некоја сличност ( како што реков веќе) помеѓу овој настан и исчезнувањето на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А притоа знаев, или бев со впечаток дека неговите прсти на рацете немаат нокти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грофот седеше зад бирото и првиот мој впечаток беше дека е зафатен со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Очигледно беше дека воопшто не е заинтересирана за нашиот разговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сигурен бев дека Вртанов знае оти знам и јас дека тој ме слушна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И криво им беше дека јас - незнамитисот - добро им го знам јазикот и нивните книги.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако заклучокот беше дека звуците би го растуриле, правеше нешто многу умно: му праќаше порака на еден друг дел од Грамофонот Омега кој можеше да расклопи голем дел од самиот грамофон и да го состави на подруг начин.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Практично грамофонот ја менуваше својата сопствена структура.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истото правило важеше и при 11- месечниот процес на монтажирање. Hank Corwin, кој работеше на монтажата вели: “Сакавме да постигнеме импресионистичко чувство, но немаше случајности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствено правило беше дека секогаш можеш да се предомислиш и да пробаш нешто друго”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа може да стане иднина на правењето филмови.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сигурен бев дека тетка ми два дена готвела - имаше три вида различно месо - телешко, свинско и јагнешко и два вида компири во рерна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетин ми ги вклучи попладневните вести на телевизија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Очигледно беше дека нешто не е во ред - водата нејќеше да си оди, а ми беше страв, кога казанчето повторно се наполни, да пуштам пак вода за да не направам уште поголема белја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа си ја затвораше вратата од собата и стоеше пред шкафот десетина минути, чешкајќи си ја главата во потрага по кошулчето што тој ден ќе го облече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговиот заклучок беше дека ако се реализира предложениот проект на неколку стотини фарми во Рерублика Македонија, земјата ќе доживее вистински процут во сферата на сточарството, вработувањето и оживувањето на пасивните региони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Видливо беше дека таа сакаше да ја ублажи горчината врз која падна молк и по некоја пцовка заедно со нечиста плунка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам што си помисли кога ме виде така збунета, но јас тоа што го помислив беше дека не заборавил ништо, но како да правеше некаква проверка дали сум во станот, дали не повикав веднаш некој да дојде...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јасно ми беше дека не се во прашања само страствените изливи на љубов и нескротливиот нагон и желба на еден за друг во креветот на собата на Оливие.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мојата помисла во моментот беше дека се наоѓам во една од сликите на Ван Гог во која е прикажан чемпрес, а зад него се ѕвездите и целото небо, насликано како на крај од огномет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И не беше дека само се шеташе наоколу не велејќи ништо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Првата помисла беше дека најпосле ќе можам малку да отспијам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми беше познат, сигурен бев дека некогаш сум го чул, но што значи, никако не можев да се сетам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А сигурен бев дека пченка за пуканки имавме колку што ја сакавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вистина беше дека одвај го дочекувавме да се врати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Очигледно беше дека ќе мора да продолжи да се распрашува, да ја остави можноста за потрага по Едо Бранов од Сан Диего на можна случајност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уверен беше дека треба да остане на методологијата што веќе ја имаше смислено: колку што може повеќе да не оди по информации туку да ги чека тие да му наидуваат како пеперутки над вирче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Интересно беше дека многу од работите кои ги посакував почнаа да се исполнуваат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Добро го научив тој човек и јасно ми беше дека тоа му е бизнис фора.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Следната порака што ми ја прати беше дека, всушност, го префрлиле во Одделот за психијатрија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И не е баш толку битно тоа повеќе. Зборот ми беше дека се најде тука присутен во еден посебен момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Свесна бев дека им пречат некои работи кај мене, како на пример тоа што се капев секоја вечер, редовно ја менував постелнината секоја недела, постојано се перев итн.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како и би ме чул кога не знам на кој начин да го довикнам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу ме имаше фатено страв што не можев да се концентрирам на таа мисла и јасно ми беше дека Игбал нема да успее да ме чуе преку таа негова телепатија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)