бев (гл.) - уште (прил.)

Мислевме дека засекогаш сме се ослободиле од сталинизмот, но тој беше уште долго, долго во нас, кај некои и не се искорени никогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стокмив едно парче за јагоди, месечарки. Го ископав залегнатото место со дурија со голема мака, бидејќи одамна немав копано, но за садење беше уште рано. Сега беше уште крај на март.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И багремот не беше уште посаден. Го чекав доцниот ноември, за да се фати. Но сега што да се прави?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цела Баварија беше под снег, а на минхенската страница беше уште постудено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбуди кај шест часот. Во собата беше уште потемно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше уште многу рано. Одвај првата виделинка се лепеше за малиот прозорец, кога се крена тој невообичаен, настрвен лаеж на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Мишко и Бојко беа уште мали и уште не знаеја да го предвидуваат времето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога заврши првата Голема војна, во 1918-та, која ја загуби Бугарија, Србите повторно го окупираа овој дел на Македонија и беа уште поосилени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Протагонистите се приврзани на низа својствени вредности на еден клан („Сѐ додека нашиот татко беше уште во живот, семејството за нас беше истовремено и држава, и нација, и вера.”) ѝ припаѓаат на идеологијата која го одржуваше култот на една неверојатна монструозна хипостаза на божеството: Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Да знаеше и да беше уште жив можеби и ќе се појавеше“, рече таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Но веројатно не знае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше уште рано за пролет, но сонцето силно печеше, а јужниот ветер ги бркаше облаците од небото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Следната година, бевме уште повисоко рангирани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јагиќ беше наклонет кон посебноста на македонскиот јазик и тоа и јавно го изрази во една своја статија во виенскиот весник „Die Freie Presse” во времето кога Мисирков беше уште во Битола, којашто предизвика остра реакција на Балканот; особено во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше уште млад кога го слушаше говорот на Стефан пред собранието, но неговиот продуховен, речиси ангелски лик сѐ уште му беше жив пред очите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
МЛАДИЧОТ: За тој единствен пат и Ви зборувам. Бев уште малечок.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше уште потежок кога го отвори сандакот, каде што си ја држеше храната, и кога откри дека ја нема уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу веќе и сновеа околу него. Беа уште поужасни со тоа што можеа да им бидат видени само по две разгорени синикави точки на нивните очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше уште едно оружје на неговиот род, се радуваше, загледан во раѓањето на своето малечко, црвеникаво огне, што почнуваше да живее и да нараснува, превивајќи се околу сите сурови гранчиња, и плискајќи му ја во лицето својата тивка, лековита топлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плоштадот беше уште во сенка, беше глуво и пусто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние бевме уште мали со Мирчета не знам колкави бевме, леба ми, јас дали имав единаесет, дванаесет години, а Мирче беше помал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Рада, која го слушаше овој испрекинат разговор, веќе разбра дека на повидок беше уште една лоша вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше уште на првиот чекор. Првиот строј.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Газда Таки знаеше како да ја води работата и беше уште подобар бизнисмен од татка си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Францускиот поет од еврејско потекло Едмонд Жабес беше уште порадикален.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав на татковата мисла дека крајот на една библиотека е крајот на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше уште една од безбројните слични песни, составувани за проловите во една потсекција на Музичкиот оддел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој тргна кон прозорецот: ситна, кревка фигура, чија слаботија беше уште повеќе нагласена од синиот комбинезон - униформата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предметот беше уште попривлечен поради својата очигледна бескорисност, иако можеше да претпостави дека некогаш веројатно служел како тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, што беше уште почудно, дури и кога го привлекуваше кон себе, тој имаше чувство дека истовремено го оттурнува со сета сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа мисла ја мачеше Доста, но беше уште многу рано за да презема некакви мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изненадувањето беше уште поголемо кога човекот му влезе во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зашто јас таму во Врање имав сесра мажена за еден подофицер српски, а таа беше еден натрапас така што мене со неа ми беше уште полесно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мирисот на синоличките беше уште во нејзините коси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Небото зад нив беше уште помеко и попроѕирно, го смируваше капетанот оддалечувајќи го од опасноста.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Да живеат сите ножови на светот“, пак им рече и пак тие молчеа и беа уште повеќе уверени дека е луд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да не живеевме секогаш крај води, маките ќе ни беа уште поголеми, неиздржливи, неизминливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дора уште повеќе се исплаши. Таткото на Ане и Томе беше уште пострашен од баба Нада. Се викаше Тони. Имаше мотор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ си мислам дека, кога тргнав, таа беше уште во логорот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби војска не беше многу, беа пет или шест партизани, ама стремежот народен беше голем и радоста беше уште поголема затоа што, ете, си има своја војска...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Беше лето, - почна тој - кога јас, покојната ти баба Елена, мајка ти и тетка ти Ана (Оце беше уште бебе и ја оставивме во Битола со баба ѝ Менка и дедо ѝ Марко), тргнавме на екскурзија на Пелистер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше уште пролет, земјата беше влажна и поливањето не беше потребно, но не беше ни штетно. Штом полива, нека полива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Праските беа уште недозреани, но за ваков гладник како него, беа одлични.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)