Се смеевме само ние двајцата кога на други нешто не им беше смешно, тага не обземаше во исти ситуации, со поглед се разбиравме...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Посебно ми беше смешно кога татко ми го извади апаратот и во таквата како божем семејна атмосфера со полуавтоматскиот апарат облепен со селотејп на разлабавената поклопка за батерии, со тој апарат отчука две фотки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Му беше смешно - говорам за глувчиња како за жолти и ситни птици. „Не“, му рече. „Јас не смеев ни олку да се задржам.“ Се обиде да ѝ ја префрли раката преку половина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не беше смешно, туку, како никогаш дотогаш, кристално јасно.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Тоа е името на првиот маж што го создал Господ.“ „Нели ќе беше смешно ако се викаше Ева?“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На Еда тоа му беше смешно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа беше смешно и шминкерски, наивно и по малку глупаво.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
На Александар малку му беше смешно тоа што и кога има цели дваесет и осум години и кога зароботува свои пари, неговите родители, посебно татко му, се уште се грижат редовно да јади, како во времето кога беше прваче.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не му беше смешно што бившиот богослов се труди да оди по такт на неговите чекори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ние се смеевме. За нас беше смешно сето тоа што тие го раскажуваа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се шегачевме царски, ама беше смешно, ама беше весело, луѓе!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И колку тоа да беше смешно и неможно и туѓо, набргу за голем дел од децата стана вистина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ ѝ беше смешно.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мене ми беше смешно тоа и еднаш капетан Мирковиќ ме фати на смеење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)