бев (гл.) - рано (прил.)

Но во дуќанот, бездруго зашто беше рано, освен калфите, го разгоруваа пампурот, никого друг не најде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше Света недела, беше рано изутрина, беше Божје изображение, ден кога во Потковицата се обискуваат првите плодови на летото, лубениците и грозјето и беше само два дена по разговорот со Дамческите, кога во гостинската одаја влегоа Руса и мајка ѝ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, ког се дозна за злосторот, беше рано изутрина, беше Света недела и точно две недели по сфатката на Дамческите со Муслиовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се стемнуваше а ламба беше рано да се пали. Матна мрачина во крчмата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше рано утро. Пролетта настапуваше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше рано и просторијата не беше многу полна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби сè уште беше рано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мене ми беше чудно дека беше уште рано, но за нив тоа веќе не беше рано, туку напротив, денот веќе тргнал да се троши, и тоа, во овој случај, со настроение на лутина и напрегнатост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
За лубеници беше рано, за солзи доцна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За сѐ беше рано; освен да се наврат кратките панталони, да се наметне летната кошулка, да се нагазнат парталавите патики и да се даде на машко одење, не пешачење не како шетање туку брзање како доцнење, додека не му потече пот од првиот прешлен на вратот до последниот прешлен на опашот и додека шаторите не се разврчат и не развреват како нагазнати мравјалници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ уште беше рано и децата немаа излезено да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што тргнав накај продавницата, слушнав некакво тропање што доаѓаше од кај лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше рано утро. Сонцето изгреваше. Небото изгледаше како да беше послано со светол син ќилим.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но, нели, тогаш уште беше рано да се пресудува за што и да е во врска со овие две нешта!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ уште беше рано за вечера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Внимателно се подготви еднаш да му се најде и, кога сега ѝ се укажа можност за тоа, се прашуваше како да му угоди?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше рано попладне, бевме во слаткарницата „Кај Хелмут“ во Маморенек, сонцето се пробиваше низ заледените прозорци и просторијата ја осветлуваше како опоравилиште. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 151
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„На што мислиш?“, прашав, со устата леплива од истопениот маршмелоу и карамела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Опремата сјаеше зад шанкот, месинганите шипки се жолтеа од одбивачкиот сјај, и сѐ мирисаше на дезинфекционо средство. Бевме сами во просторијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)