бев (гл.) - пријатно (прил.)

Бев пријатно изненаден од неговите зборови: - Старова, со интерес ги читам вашите телеграми од Тунис. Тие се значајни за сите нас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А овде беше пријатно, дури попријатно од што можеа да претположат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одовде сѐ е полесно, подостапно и - блиску до целта. Ситниот дожд не пречеше, дури беше пријатно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Здраво Ивона! - Здраво, госпоѓо, Рада! - Што прави мојата миленичка? - беа зборовите на Рада со кои Ивона беше пријатно изненадена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ми беше пријатно, вели Луција, а мене уште друго ми шепоти душава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му беше пријатно тоа двојство во самиот себеси и готов беше да се згади од својата дволичност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Влаинката ѝ беше пријатно тука, со лице изложено на благото сонце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)