бев (гл.) - посебно (прил.)

Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Искрата што ја криеше таа состојба кај Рада беше посебно впечатлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова со собата му беше посебно драго.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Следните денови Рада беше посебно активна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, овој пат беше посебно претпазлива. Сѐ одеше бавно, но сигурно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И што беше посебно предизвикувачко, место бунар со геран, имаа чешма.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислам дека ова беше посебно изразено во нашите воспитно-образовни институции: - Абе деца, деца, туку ми дремите на часови...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Камилски беше посебно импресиониран од бројот на турските заемки од областа на градежните материјали кои навлегле во балканските јазици од кои некои се употребуваат и денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше посебно импресиониран од овие два посебни збора, всушност, синоними, коишто со издиференцирано значење се употребуваат до денешни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски беше посебно фасциниран од оваа света книга пренесена од непознат калиграф.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го издвои зборот ќерпич за посебно разгледување со Татко, сметајќи го за мошне индикативен за посебно разбирање дури и на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Игор Тошевски е уметник којшто беше посебно активен минатата година со серијата изложби обединети во концептот „Досие 96”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Махмуд Дарвиш и натаму молчеше. Јас охрабрен продолжив: - Во годините минати во Тунис, особено во 1988 и 1989 година, во рамките на мојата функција како амбасадор на Југославија, но и како притаен автор, бев посебно импресиониран од личноста на Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу моите најдобри пријатели на животот се и многумина сефардски Евреи од Скопје, од Франција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја имав со себе малата книга, есејот Историја и утопија од францускиот филозоф и есеист од романско потекло Емил Сјоран (Histoire et outopie, Gallimard, 1960).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот во Тунис тие години беше посебно обележан од присуството на Палестинците на чело со Арафат и другите врви водачи на движењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев посебно пленет од страниците на овој филозоф кој ја беше промислил суштината на излезот од балканското варварство!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За мене беше посебно интересна врската меѓу Нинослав и Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Размислував за тоа дека небото не е исто тука и во Скопје, тука беше посебно убаво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во малото одајче на касата, изложено на ветрот, беше посебно студено, слабо се грееше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Околу четврт век пишував за продолжување на животот и за употребата на сопствената волја, така што бев посебно возбуден кога го слушнав тоа. Маргина 34 111
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според Енциклопедијата Колумбија: „Историчарите со векови расправаа за неговата вештина на морепловец, но неодамна беше докажано дека Колумбо бил ненадминат во вештината на приближно одредување на положбата на бродот на картата и во пронаоѓањето на патишта низ непознатите мориња”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што беше посебно во врска со Колумбо е неговата упорност и речитост со кои работеше на својот сон за „Индија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас верувам во тоа балканство и во капацитетот на Македонија да го одржи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше посебно импресиониран од примерот на Франција, како земја во која се почитува легитимитетот на различните изразувања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бретања беше посебно доживаување за мене и вистински одмор.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа летна јулска вечер Филип беше посебно расположен за зборување.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Еј“, ја прекинав со страсен шепот, „сношти навистина беше посебно.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, да“, рече таа, „да, сношти. Беше. И те сакам, да, стварно...“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Направи пауза за да дојде до воздух.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)