бев (гл.) - полно (прил.)

Едно старо котле крај бунарот на Бисера беше полно со китки и секој ден се менуваа попресни и попресни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира дека целото макло не беше полно со коски, па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама а, човечкото око не се сити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше крупно, меснато и брутално; беше полно со интелигенција и со еден вид контролиран занес, пред кој тој самиот се чувствуваше беспомошен; но беше уморно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Купето беше полно и сите седишта зафатени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Потоа сѐ стивна... Утредента се вратија во селото. Рајчани беше полно мртовци.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во мислите Никодин пред себе гледаше куче пуштено од синџир, но ракијата веќе му го беше заматила умот, така што после петтата сѐ му беше полно и рамно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ му беше полно и рамно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Местото беше полно со крупни чварки, но никој од нив не ги задеваше Ливајн и Даглас.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа го чувствуваше чукањето на срцето на треперливото топче, што беше полно со топлина и силина на живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По два месеца ми јавија дека татко ми починал од срцев удар; писмото од брат ми, се разбира, беше полно со обвинувања, оти тој ме товареше мене за смртта на татко ми, кој не можел да се помири со тоа дека син му станал циркузант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го позедов канчето. Беше полно црници.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Целиот простор вдолж ритчето кон Стрежен и надолу по долината кон Црноеч, беше полно народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Грнето беше полно... Пари, а?... Вечерта му кажав на татка ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Џуџето извади од неговиот голме џеб едно шише слично на она со виолетова течност, но ова беше полно со смарагдно-зелена, и му подаваше на секое дете да се напие.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
9. Еден ден, кога на Грдан му беше полно рамно, та од снегот ги гледаше само качунките, Горда го пресече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кратка насмевка му болсна на усните, му го озари лицето, нешто спасоносно му заигра, со некаква чудна среќа ме успокои: - Биди си спокоен, Леме, твојот пријател здрав и жив ќе ти се врати, - па потоа од куферчето што беше полно со творби измолкна една тетратка испишана со стихови, исцртана со цвеќиња, ѕвезди и знамиња, па ми ја подаде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ беше полно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога самарчето беше полно со слама, го кладоа писмото внатре.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Целото училиште беше полно со војска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)