Можеби беше подобро да те прогласат за југенд отколку за модерен педер.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тој сметаше дека ќе беше подобро сандаците со сиџилите да се стават директно во камионите, зашто постоеше опасност тие да се оштетат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Да останеа сите тие луѓе, мислите дека денес ќе беше подобро?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Јас овде (во Америка) имав стрико и тој ми најде работа во една ложилница-хала за одржување и поправање на локомотиви бидејќи таа работа беше подобро платена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но јас не верував дека така беше подобро и за него и за мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И сега мислам дека ако ми кажуваше каде заминува и со каква цел го прави тоа барем ќе знаев зошто не се врати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако тој го застапуваше токму тоа тврдење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да беше подобро времето, а јас помлада и поздрава ќе дојдев кај тебе, и на два дена ако не можам повеќе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледав низ прозорецот кон улицата, или пак во одразот на својот лик во прозорското стакло, и си ги повторував зборовите на мама: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше болката, таа рана разранета од помислата дека моето постоење за мама значеше несреќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш ми ги кажуваше во миговите кога, заради болестите, бев на работ на бессознанието, сега ми ги кажуваше тие зборови полни со презир и потсмев, кога ќе кажев некаква наивност која им прилегаше на моите детски години, ги кажуваше и кога ќе направев некаква грешка што може да се очекува од девојче на таа возраст, а потоа започна да ми го кажува тоа „Ќе беше подобро да не те родев“ постојано, наместо „Добро утро“ и „Добра ноќ“, наместо „Како си?“ и „Дали ти треба нешто?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од брат ми понекогаш позајмував лист хартија и молив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во некои од оние мигови кога во кашлањето, повраќањето, или треската, бев на работ од бессознанието, ги слушав нејзините зборови: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Преживуваше така што омразата кон своето постоење, кон оние нешта од животот кои ѝ беа поужасни и од непостоењето, ја делеше на две.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од тие нејзини зборови се плашев како од смрт, заради тие зборови си ја посакував смртта: посакував да умрам, и мама да жали над моето мртво тело, со својата тага да биде казнета за тоа што на почетокот од мојот живот беше болката, тогаш, кога не знаев дека болката ќе ме следи целиот живот, како скриена рана од која капе крв, капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, кога ќе воздивнев, таа ми запеваше приспивна песна за мајката која бдее над своето дете онака како што месечината бдее над земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еднаш, по едно “Ќе беше подобро да не те родев,” кога себеомразата сакаше да ја убие пречувствителноста, се скрив под креветот, си ги ставив рацете околу вратот, и палците силно ги зарив во грлото над клучната коска, сѐ додека не ја изгубив свеста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе беше подобро по смртта едноставно да исчезнев, да ме снемаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш мајка ги кажа оние зборови кои со години ги беше заборавила, а ми ги кажуваше на почетокот од мојот живот: “Ќе беше подобро никогаш да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш верував дека така е по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И понекогаш, кога мојот поглед ќе се впиеше во нејзиниот поглед, нејзините очи одеднаш се менуваа, таму каде што беше стрепетот се јавуваше омраза, а нејзините усни ги изустуваа зборовите од кои се плашев како од смрт: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И дури многу подоцна, кога беше доцна за сѐ, ги сфатив тие зборови: изговарајќи ми ги мене, кажувајќи ги за моето постоење, таа всушност сакаше да си каже и на самата себе: “Ќе беше подобро да не се родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ЛУКОВ: Можеби ќе беше подобро да излезеш некаде.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сега мислеше и на тоа дека и заради нив, а и заради него, ќе беше подобро да ги испратеше малку подалеку, барем уште малку да им разгазеше, да ги пуштеше сами на почетокот на вистински добро сѐ со вишни стебла обрастената угорница, што синојка толку бргу ја слегоа само затоа што се стуруваа по неа, а сега ќе мораат да ја искачуваат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сликан е во моменти кога му беше подобро.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
УМЕТНИЦИТЕ МИ НАПРАВИЈА ПОРТРЕТ Така стигнавме во Кичево, здогледав само непознати другари и се почувствував дека сум отуѓена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа мене ми беше подобро, татко ми редовно ми ги даваше лековите, а и храна ми даваше како што му рече лекарот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Едно време дојде другарка ми Добрила и веднаш ми беше подобро.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Никогаш нема да заборавам како ми се запали телото, ќе побудалев, трчав гола околу куќата да земам ветер, зашто така ми беше подобро.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сепак беше подобро, тој да ја подготви за ова изненадување.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не беше подобро ни во наше време.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Филип Д. од своја страна не пропушти да напомене дека според негово мислење сепак ќе беше подобро недоразбирањата да се расчистуваат овде, на влезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да му се плукнам Добога! Ќе седнеш ли најпосле? (стр. 320-321)
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се одмаравме кај ќе ни текне...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сем Ленгфорд целиот во бутови!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уште стотина други ѕвезди... боксерски се разбира!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
-Лесно ти е да збориш! врескаше тој... Лесно ти е да збориш!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ама во некој поглед бев подобро.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Џабе се трудеше и земаше квасец, пак не му беше подобро.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури и уморен ми беше подобро да се акам надвор наваму-натаму...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури ми беше и жал што ѝ реков попладнето дека не ја сакам и што си мислев дека ќе беше подобро да не се родеше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Шишман виновно рече: - Можеби ќе беше подобро ако одевме со кренати раце, а, - присторе и тоа А- то зататни.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)