бев (гл.) - очигледно (прил.)

Во секој случај, од ова беше очигледно дека црните луѓе ги работат сите оние работи што воопшто се работат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Играта на кучето беше очигледно предизвикувачки повикувачка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа воздивна но беше очигледно дека воздишкава не искажуваше премореност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа ја спомна и сликата што најдоцна за ден-два ќе сум ја видел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот поглед што ги премеруваше моите садови со вода наеднаш прошета лево-десно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и затоа без да размислувам забележав: -Веројатно и ти Иване претпоставуваш, иако е грубо тоа јавно да се констатира, дека сите станици низ кои мајка ти требало да помине останаа веќе зад неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова последно испитување се случуваше денес. Или ако сакате, во денот што измина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа уследи и средбата со Боге од Бањи, со сите оние инфорамации за мерките што ќе бидат преземени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бидејќи беше очигледно дека се она што остана да се стори, во врска со нашите обврски кон Таша, не подлежеше на движењето на времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира уследи и она негово смеење, но притоа беше очигледно дека Боге од Бањи се трудеше Даскалов да не го забележи неговото присуство а уште помалку да ги слушне советите што ми ги дава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, и покрај сѐ, беше очигледно дека од јадењата подготвени од снаата не остануваше ништо; секогаш беа таманети до крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добро плаќаа, а не се чувствував загрозено како што моите другарки зборуваа бидејќи веднаш беше очигледно дека се отруени со седативи, дека не можат ни да мислат ни да зборуваат, а не да се движат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше очигледно дека Камилски имаше подготвено вистинско пледоаје за меѓузависноста на лингвистиката и гастрономијата, како вовед во дебатата за османскотурските заемки во балканските јазици и јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арафат беше очигледно возбуден од овие неформални зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нив ги поврзува страдањето од различни времиња, но и најсилната љубов, љубовта кон чедото кое може да постои во нашата заедничка татковина - Животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прво место, затоа што признанијата што ги даваа тие беа очигледно изнудени и невистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше очигледно дека изговара молитва.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каков вид луѓе ќе го контролираат светот, исто така беше очигледно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле беше утврдено без секакво сомневање дека добива во тежина; бутините сега му беа очигледно подебели од колениците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При секое исправање на неговите дебелушкави коленици беше очигледно дека му се тресат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Недоветната песна беше очигледно сѐ уште популарна. Ја надживеа „Песната на омразата.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не можеше точно да се сети на некое време во кое неговата земја не беше во војна, но беше очигледно дека постоел прилично долг период на мир за време на неговото детство, зашто едно од неговите рани сеќавања се однесуваше на еден воздушен напад што, изгледа, сите ги изненади.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што беше големо и импресивно, доколку изгледаше релативно ново, автоматски се прогласуваше дека било изградено од Револуцијата наваму, додека сѐ што беше очигледно од постар датум, му беше припишувано на некаков магловит период наречен Среден Век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше очигледно дека ќе треба да биде поделено на три еднакви дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше очигледно дека се запрепасти од тоа што го слушна од Ема: „Со нејзина помош вие се обидовте да допрете до мојата приватност.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Уште повеќе штом, формалностите околу неговиот развод со Марија, беше очигледно не ѝ пречат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со овој впечаток останав и подоцна, кога неочекувано се јави гласот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гледаш дека не само што гледам, туку згора на тоа и забележувам - ме исмеваше Пепрутката и беше очигледно дека е среќна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и да го бев рекол беше очигледно дека иследникот воопшто не ме слушал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Или веќе мислиш дека знаеш оти спомените не се здрава храна? - рече таа но овој пат беше свртена кон Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако беше очигледно кому му беше упатена оваа забелешка, Јана побрза и да дообјасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се протегна наназад и го изгасна светлото. Беше очигледно дека сака и практично да ја прикаже убавината на постојаноста со која се одликуваат предметите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше очигледно дека сум оставен на самиот себеси заедно со моето оправдување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И беше очигледно дека тоа го прави со задолоство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога се доближи уште поблиску веќе беше очигледно што наумил човекот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Хичкок: Градина на задоволството беше обична нарачка, но во него влијанието на американскиот филм беше очигледно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Евентуалното постоење на такви, за неа непознати случаи од љубовниот живот на Ролан, се чинеше дека се многу поважни од спомнатиот банален настан во дуќанот за сода-вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, сепак, беше очигледно дека најавува спремност да поднесе секаков вид вистина, се разбира ако некој друг се досети да ја објави или барем да ја спомене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе кажевме дека сме од Њујорк, се ѕвереа уште повеќе бидејќи сакаа, како што рекоа, да нѐ снимат што подобро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Седнавме во едно сепаре од страна и набрзо станавме вистинско live show.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислев дека изгледам обично, всушност и наша­та облека беше прилично конвенционална, но беше очигледно дека на нас има “нешто” поради кое сите ѕвереа во нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После ваква вечера, се вративме на Карт Бланш. (...) Кога луѓето објаснуваа кој сум јас, велеа: “Енди Ворхол, Поп уметник, или Енди Ворхол, андерграунд филммејкер”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам што имаше толку интересно на нас, но беше очигледно дека луѓето се вртат за да ги видат “тие фрикови”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во еден период, кога беше очигледно моето настојување да го предизвикам одговорот со барањето книжевно критички да просуди за мојот Балкански клуч, таа категорично се демаркираше од книжевната критика, макар што ја сметав за најдобар толкувач на балканската сага... 17 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Можеби сте се обиделе да ми го испратите делот што недостига од вашето писмо, но повторно се случи текстот да не стиgне поради тоа што ја прекинав струјата во куќата пред да заминам за Монпелје за да го посетам мојот лекар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквиот став беше резултат на тежнението на САД преку југословенската буржоазија и монархија да го обезбеди своето идно влијание на Балканот, кое беше очигледно,почна да им избегнува од интересните сфери на западните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој беше очигледно љубопитен но не се решаваше да го земе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Французите се погледнаа зачудени, ништо не сфаќајќи иако барањето беше очигледно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А Србин нешто имаше смислено. Тоа беше очигледно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Утредента Едо брзо и лесно, благодарение на својот усет за работењето на моторите со којшто беше очигледно надарен, му ги смени плочките на кочниците после што течноста во садот за глицерин се поткрена и светлото на шалт-таблата престана да се пали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Просто се допиваа наместо веќе да го прават тоа што веќе беше очигледно дека таа ноќ ќе го направат. Ќе почнат да го прават.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)