бев (гл.) - ограничен (прил.)

Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Пред донесувањето на овој закон, правото на странците да засноваат работен однос не беше ограничено со квоти.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа мораше да остане тука, да живее со својот грев и да ја плаќа својата тајна. Ѝ беше ограничено движењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)