бев (гл.) - непријатно (прил.)

Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како да му беше непријатно што си дојде дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ах, колку беше непријатно, вака, во мое присуство, луѓето толку многу да ме фалат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И сепак чу? „Што сакаш ти?“ На двајцата кепеци им беше непријатно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас останав со насолзени очи, ми беше непријатно што се разделивме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ни беше непријатно да се навредуваме на мајчин јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На Геле Накотник му беше непријатно, се срамеше, сакаше да биде далеку, тој и Донка Чучуковска. се намалуваше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А уште понепријатно ми беше што се затекнав таму и излезе како да прислушкувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сето тоа време додека разговаравте бев тука, во твојата соба, ама ми беше непријатно да ве прекинувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама каде да се оди за никој да не ти пречи и никому да не пречиш освен во третиот дел од паркот, во близина на Вардар?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Право кон езерцата! Таму беше потивко, ама имаше многу љубовни двојки по клупите и во тревата, се прегрнале, се гушкаат, се бакнуваат, а нам ни беше непријатно да им се моткаме наоколу и решивме да ги оставиме на мира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку да им беше непријатно и на нашите учители и на нашите воспитувачи, колку да беа смели луѓе, во духот на времето, прекалени, храбри луѓе, самопрегорни, не можеа толку лесно и на крај да излезат со вошките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш, кога така припиени една до друга чекоревме по нејзината соба, ѝ кажав колку ѝ е убава кожата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не знаев што е тоа да се биде анемична, но ми беше непријатно да се распрашувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од удобен сонувач да не се претворам во дремлив кодош Кој нема што да прави та слуша туѓи муабети Поточно ми беше непријатно од туѓите муабети
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
На Акакиј Акакиевич му беше непријатно што дојде токму во овој час кога Петрович е лут; тој сакаше да нарачува кај Петрович нешто кога последниов е веќе малку поднапиен или, како што се изразуваше жена му, „го удрила матната в глава едноокиот ѓавол“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мажот ми и децата станаа студени кон мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ме храбреа, но секој од нив имаше сопствени проблеми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На докторите им беше непријатно да ме прегледаат бидејќи не можеа ништо да сторат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изнајмив соба во една куќа блиску до нив и им .. okno.mk | Margina #32-33 Dieter [1996]Judt 200 телефонирав секој ден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)