бев (гл.) - најтежок (прил.)

Мајка тешко ја прифаќаше мојата мајсторија со магнетофонот, токму во времето кога на Татко му беше најтешко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го сакаа и затоа што за време на тешките маршеви тој се наоѓаше секогаш до нив и одеше пеш, лично ја проверуваше преодноста на патот, прв загазуваше во студената вода и секогаш ги бодреше мародерите, а на оние на кои им беше најтешко, не еднаш им го даваше коњот за да го товарат оружјето и тешките ранци наполнети со фишеци и рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од сите престапи што можеше да ги направи еден член на Партијата, овој беше најтешко да се прикрие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само во тие часови, кога му беше најтешко само тогај го земаше Јаким својот кавал и свиреше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таквите чувства ја спојуваа и со Деница, но нивната врска имаше и нешто многу подлабоко: Деница широко ја прегрна Илона кога нејзе ѝ беше најтешко, таа ја зближи со Крумета Волнаровски при што врската доби и степен на “службеност” која тие двете се обидуваа (без многу напор, бидејќи тоа навистина го сакаа) да ја релаксираат со постапки кои беа во согласност со обостраната потреба за слобода, за откаченост, за пиздарење и тогаш, или најмногу тогаш - кога се наоѓаа пред сериозна задача.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога ни беше најтешко, сети се, ја остави земјичката, избега.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во салата на библиотеката ме очекуваа моите читатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првите години на независноста во францускиот парламент водеше незаборавни дебати во интерес на Македонија, во времето кога на земјата $ беше најтешко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можам само да верувам дека нему му беше најтешко со тие егејски групашења, кои и денес ги има со нивните грижи за браќата и сестрите Егејци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Проклет да бидам, тоа беше најтешко со што можеа да нѐ казнат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше позагрижен можеби од сите, со најодговорна свест, не можеше да му помогне на пријателот на својот живот кога вистински му беше најтешко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си рече, во себе, поумно е сега да слуша, да зборува кога ќе му речат, а тоа за него беше најтешко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во времето кога на Татко му беше најтешко во животот, ја наследи од татка си навиката да доаѓа крај Езерото од овој предел на најбујниот извор, од каде се претпоставуваше дека започнува патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)