бев (гл.) - најмногу (прил.)

Но најмачно му беше што го оддалечуваа од нив сега кога беше најмногу навлезен во нивните пораки, кога веруваше дека ги има в раце клучевите од сиџилите, од многу семејни енигми, кога беше многу блиску и до своите предци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Моето внимание беше најмногу насочено кон отоманскиот период.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За третото и последно губење на социјалистичките купони беше најмногу виновен Татко, а потоа и Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски беа најмногу обземени од Речникот на излитените идеи на крајот од книгата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својот долг страдалнички живот на Балканот, минувајќи низ круговите на егзилот, покрај чувството на помирувањето со текот на судбината и природниот крај, Татко беше најмногу од сите нас начисто и со невозможноста на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вистинските преведувачи се посебен сој луѓе, во тоа бев најмногу уверен од искуството на мојот татко кој цел живот ги преведуваше битолските кадиски записи, познатите сиџили (од XVII до XIX век), потоа на Јусуф Вриони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А Мајка можеби го очекуваше одговорот кога беше најмногу потребен, пред мојата дипломатска среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко беше најмногу задлабочен во Историјата на Отоманската историја на Балканот и на нејзините последици врз судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нивното циклично движење беше најмногу предизвикано од потрагата по нови предели, во потрага по најдобри услови да се продолжи животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега беше најмногу со своите книги кои ги носеше сиот живот со себе, минувајќи со нив низ империи и војни, низ забрани и прогонства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)