бев (гл.) - најдобро (прил.)

Продолжи да бере од ѕвончињата. Тоа беше најдобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исклучително брзото давање на визата сигурно не ќе беше најдобро за мене поради овдешните, кои тајум се сомневаа на мојата лојалност кон нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои не се согласија, арно ама така беше најдобро, оти Лазар беше на добар глас. И, што да кажам, тие години многу работевме сите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбираа со молчење од двете страни и така беше најдобро. Дури и Мими ништо не запраша.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)