бев (гл.) - начисто (прил.)

А всушност ние децата и не бевме начисто кој е Сталин, како што не беше начисто до крај и братот партиец кој го предложи името.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Две верувања во два различни бога се невозможни, резонираше татко ми. Со тоа беше начисто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кадијата беше начисто со тоа дека авалеџијата и гавазот се отепани од некој повеќе што плати, но таков не беше еден, та место сите да ги осуди, тој сите ги пушти белким и некој друг ќе отепаат да лапнат со кајмакамот уште по некоја и друга стотка жолти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Велиага ги побара бравите уште утредента и кога не ги најде ни овчарите, беше начисто дека се собрани од арамиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Псалтир Палигоров с уште не беше начисто каде целеше директорот, но мозаикот полека се комплетираше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Еве ми уште една беља! - си рече, застанат така покрај студениот труп на овцата. Не беше начисто што треба да прави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Или имаше многу, но сето тоа беше така некако зајазлено во него, што тој не наоѓаше како да почне, немаше некоја чистина, не беше начисто ни самиот со себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко не беше начисто каде целеше Камилски со својата тирада за Рабле и неговата гастрономија, имајќи чувство дека тој се оддалечува од нивната тема, но тој веруваше дека е длабоко во темата: Имало многу обиди во историјата на човештвото во време на револуции и окупации, побуни и нови режими, да се чистат јазиците од зборовите на другите, со помал или поголем успех, но најтешко се менувале заемките за јадењата, односно за гастрономијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко внимателно слушаше, задоволен што Камилски најпосле се доближува до нивната тема за називите на османскотурцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можев да ги разберам крајните намери на Сојузниот, но јас си бев начисто каде може да биде моето место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат во себе беше начисто дека беше дел од израелскиот политички фолклор, во кој улогата како претседател му беше строго ограничена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не бев начисто дали транспортерот ме штитеше или ме контролираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новите палестински лични карти и пасоши беа само влезници за претставата на тој театар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме замислуваше на браникот на заштитата на вредностите на Југославија, во времето кога силниот Милошевиќев национализам ги тресеше темелите на истата Југославија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Влаинката, и нејзиниот син, беа начисто шашардисани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од вриежот што се слушаше во тврдината Аџи Јане и забитот насетија дека нешто се подготвува во неа, но не беа начисто дали бунтовниците се готват за борба или да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко сега беше начисто со моето прашање, но не и со одговорот: – Не знам, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар што го слушавме често, и дома и надвор, сепак не бевме начисто со неговото значење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа Татко беше начисто со овие клучни, генерални идеи за својот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој беше начисто со судбината на каталогот Ла Ринашенте, на загубеното издание од 1939 и на она од 1949 година, кое дојде на барање од нас, децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Може да се рече дека Татко, конечно, го беше одбо­ле­дувал фаталното прашање на нашата граница и беше начисто со тоа дека враќањето во родната земја, до крајот на неговиот живот, е исклучено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште не беа начисто каде конечно целеше Игор Лозински, а целеше јасно и директно: - Да не се сети некој балкански новосталински ум да гради хидроцентрала на реката што излегува од Езерото...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше задоволен што разговорот се пренесуваше на јагулите, но уште не беше начисто за крајната цел на неговиот собеседник, макар што таа и можеше да се насети.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Градежните хидроинженери, по пофалните зборови на Трим Тоска, беа начисто за несомнените политички вредности на Јагулчета Дримски, но неговата стручност остануваше сомнителна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, сѐ уште не беше начисто каде целеше Игор Лозински, дури и кога тој продолжи: - Јагулата, пријателе мој, е вистинскиот симбол на жртвувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не бев начисто: Росана дали само праша, дали беше зачудена, или пак се појави за да констатира една состојба, која не ѝ се пристори природна!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кога не си одговори, не беше начисто со тоа, дали е тоа – тој, дали сонува или е пијан од некоја волшебна напивка што владетелите ја чуваат скриена во своите подземни ходници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не бев начисто со што се заслужува една ваква читателка со голема душа и големо срце, која ретко, многу ретко се појавува во животот на еден писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова верување беше во суштината на моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко сега беше начисто со прашањето, но и со одго­ворот: - Не знам, сине.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога нив ги прочита Лордот Џон Гордон Бајрон, пред да замине во неговата славна балканска одисеја, беше начисто за религијата на Албанците …
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога конечно решив да патувам, бев начисто и во свеста и во потсвеста, дека треба да ги напуштам сите сомневања, на загрижените за мојата иднина на обете страни од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мигот не бев начисто дали излегувам или уште подлабоко влегувам во стапицата што ми се подготвуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со земјата никогаш не беа начисто: никогаш не се знаеше деали следното лето на бегот нема да му притреба повеќе одошто е неговата половина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)