бев (гл.) - морничаво (прил.)

Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас се скрив кај некои камења и повторно слушнавме наредба да се подготвиме за нож до коска, а тоа ми беше морничаво.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тргнавме низ шумичката, малку беше морничаво, ноќната тишина ја параа крици на некакви птици.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Куќите од двете страни на улиците беа морничаво неподвижни во муграта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)