Во полумрачната централна просторија на Атеистичкиот музеј со тажните статуи и сакралните реликвии извлечени од вековните лежишта на храмовите, задржувани во сеќавањето на верниците со генерации, по громкиот, агресивен, навиен говор на К.К. на сите ни беше мачно, премачно во душите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)