Но, во душата, му беше мачно, многу мачно...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нивното тонење траеше долго и беше мачно, и се случуваше пред очите на Владимира и на чупата Перуноска и пред очите на орлите кои долетаа од сртот на Потковицата, од Камен, и кружеа тука, над главите на несреќниците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дачис ја соблекуваше блузата, вадеше шише вотка од торбата, отпиваше малку, тогаш се пукнуваше во газот преку фармерки, па ги соблекуваше истите за да им ги покаже на сите чиревите што ѝ се појавуваа по боцкањето (дури и на момците им беше мачно од тоа).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш го земаше остатокот од хероинот и им се колнеше кога ќе се разбудеа: „Ти си луд, човеку. Се боцна три пати.”
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Гледа Богдан да заспие и да се засолне во сонот од мачнината што го притиска, како што тоа дедо му го правеше кога ќе му беше мачно или кога ќе се разболеше, бегајќи му на суровото и тегобно јаве, но на Богдан соновите не му се засолниште, ами измачувалиште: се наоѓа пак некаде во Виена; шета бесцелно по улиците.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Патувањето кон Скопје беше мачно и напорно за тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Неговото самоуверено знаење беше мачно за поднесување, а сепак дразнеше и повикуваше на долг пат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Никогаш родниот крај не ѝ изгледаше толку привлечен, но истовремено, толку ѝ беше мачно што патува кон него сега, сама со синот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со години бев обземен од фактот зошто татковата книга Историјата на Балканот низ падот на империите остана незавршена!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му беше мачно да плаче по напуштањата, па одлучи да плаче однапред.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Таа состојба потраја долго и беше мачно бидејќи се плашев дека нема да можам да се разбудам, и покрај тоа што бев буден.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Глас: Гонењето на Дариј беше мачно! 3300 поминати стадиуми за единаесет дни!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Како да ми беше мачно што Мајка остануваше речиси индиферентна кон моето ново заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)