бев (гл.) - лесно (прил.)

Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немаше човек да не го познаваше Чанга. Тој имаше остар и непредвидлив ум, не беше лесно некој да го надмудри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не им беше лесно, со Чанга сега беше целиот град.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На татко ми му беше полесно да влијае при определувањето на нашите струки, пред сè да бидеме лекари, ветеринари, медицински кадар, но нему не му беше лесно да нè одбрани од налетите на идеологијата, партијата, власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ден, кога намеравав да се качам на врвовите на Монмартр, предпладе, па и целиот ден, многу врнеше, па помислив дека на плоштатката нема да најдам никого од сликарите. затоа, вечерта се упатив по оние стари патеки од подножјето на Монмартр и пешки се качував по неколкуте стотици скали кон црквата „Сакр кер“ и отаде ми беше лесно да пристигнам до ова прочуено собиралиште на сликарите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така велеше тој, иако не му беше лесно да прима внатрешна одговорност за едно дечиште што којзнае како мисли и како слага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не беше лесно за стариот да се реши, зашто досега никогаш тој не прибрал туѓи луѓе во своја куќа, или подобро речено на своја територија, бидејќи ова катче заградено со поцрнети штици, негдегоде накривени и проретчени, го чувствуваше како некоја своја посебна држава, за суверенитетот на која постојано трепетеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа „вистинско јас”, секако, не беше лесно пристапно заради опасностите кои му се закануваат: Нашите разговори беа единствено место каде што се чувствував доволно сигурна да бидам со себе, да им дам израз на своите чувства и да видам како изгледаат навистина, без стравот дека ќе се налутите и ќе ме напуштите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Испитувањето на Манделброовото okno.mk | Margina #26-28 [1995] 98 множество нѐ доведе до многу претпоставки, коишто беше лесно да се постават, но тешко да се докажат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Боб: Не беше лесно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да ја издржиш ужасната транзиција без да употребуваш какви било реквизити не беше лесно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нешто, со кое цврсто стоеше на земја, сега пропаѓаше во него и тој беше лесен, но не лесен од што му беше лесно ами празен, толку празен што можеа да го однесат и облаците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А тогаш да се запишеш на медицина беше лесно, особено ако е татко ти доктор, па макар и да носиш средни оценки од гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но не беше лесно да го извлече од Судот, и покрај тоа што беше во одлични односи со претседателот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но сега, кога имаше растолкувано и резимирано сиџили од еден век, беше лесно да се надоврзат оние на кои сметаше Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не беше лесно, сине, по толку изминати векови, да се донесе одлука, во името намногу непознати предци и на потомците, одеднаш, да се замине...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Работеше брзо, иако не беше лесно, зашто снегот беше влажен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не им беше лесно и на Елена и Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По првиот сон го разбуди студот, па како што беше лесно облечен, цела ноќ скокаше, се виткаше, си ги триеше измрзнатите меса.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше лесно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Виното беше лесно и освежително, го точеа во студената визба, бокал по бокал, виното го точеа штом бокалите ќе се испразнеа, а тој процес се повторуваше често.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој е вознемирен. Знаеш, не му беше лесно да ја прифати мојата мажачка за Даниел.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не ми беше лесно. Ни лошо ми падна ни ништо од тоа, ама, пак...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потем, сѐ беше лесно: влегов во циркусот и станав маж, уште истата ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Машкото тело под него само се насетуваше по десната рака што беше лесно префрлена околу нејзината половина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Долгиот му беше лесно со неговите широки чекори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отидов дома и убаво појадував.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тргнавме накај дома. – Не беше лесно, – рече тој, – да се натера коњот да се однесува толку убаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Особено откако ги видоа многубројните перчиња женски коси обесени како ракатки ’ржени класје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тие беа лесно облечени, само во летни фустани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа мисла беше див рев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не беше лесно да се следи лилавата птица, по големина одвај колку пеперуга, само побрза во летањето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знаев дека Ниче бестрашно говорел за разрушувањето и обновувањето, но тоа ќе беше лесно изводливо - да не постоеше стравот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Косата ѝ беше лесно фатена во витки од страните, а локните ѝ се спуштаа до рамениците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камилски најпрвин трагаше по заемките од духовниот живот, по зборовите кои се вкорениле во балканските јазици означувајќи начесто богата гама чувства и појави од животот: среќа, веселба, радост, тага, мака, тегоба, надеж, љубов, копнеж и други состојби на духот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претставените зборови задираа длабоко во балканската историја, опстануваа во различните балкански јазици со отомански османски примеси, како живи елементи, кои не беше лесно да се искоренат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беше лесно да се најде одговорот, ако тој воопшто постоеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беше лесно да се измени настанатата духовна состојба, макар што дури и се знаеше за пактот помеѓу Хитлер и Сталин, подоцна диктатот на Југославија да биде исклучена од социјалистичката заедница, односно караницата помеѓу Тито и Сталин...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, кој во животот беше на вистинско јазично распаќе, тоа најдобро го чувствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не му беше лесно на Камилски да се справи со толку голем број османотурцизми од толку широки области, голем број со завршена употреба во животот, покрај за секогаш прифатените зборови, или заемките кои служеа и како неодминливи синоними.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беше лесно да се најде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на обајцата не им беше лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми беше закажана работна средба во времето кога почнуваа дипломатските вечери!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно да се прифати, но се чини мораше, кога веќе беше прифатен таквиот предизвик, избор!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Ла Гулет, Хабиб Бургиба, јавнат на вистински бел коњ на 1955 година првпат стапна на туниско тло откако им ја донесе на Тунижаните долго посакуваната слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не му беше лесно во тие мигови на разидување на авторот на декларацијата од 1988 година за независноста на Палестина, која ја читаше Јасер Арафат на историската седница на Националниот совет на Палестина во Алжир, со таткото на палестинската земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно Хабиб Бургиба да се врати од историјата во која беше брзо заоден и зајден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно да се дојде до Лакхдар во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно да се остане тоа што беше, да ја пронајде длабоката, внатрешна мерка во постоењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навистина, тука немаше телекрани, но секогаш постоеше опасност од скриени микрофони со кои можеше да ти биде фатен и распознаен гласот; освен тоа, не беше лесно да се патува сам, а тоа да не падне в очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поуката - која истовремено е и еден од фундаменталните принципи на Ангсоц - е дека“, итн. итн. беше лесно да се имитира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беше лесно да се сочува непробоен израз, кога човек не знае како му изгледа лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ беше лесно, освен.. ! Сѐ може да биде вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не беше лесно. Беше потребна голема моќ на расудување и на импровизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи не знаеше точно каква помош очекува од О'Брајан, не му беше лесно ни да каже зошто дошле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се чинеше дека знае инстинктивно кој ќе преживее, а кој ќе исчезне: иако не беше лесно да се утврди што е тоа што помага да се преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Инсталацијата беше лесно изведена бидејќи во Друштвото „Осамени срца“ членуваа и угледни луѓе од различни професии кои, како што самите велеа, „ги поврзува долгогодишно човечко и деловно пријателство“, а тоа за службите отвораше неограничени можности за реализирање на својата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со полицајците беше лесно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас си ја бркав работата колку што можев, не беше лесно да се довлечкуваат материјали горе кај црквата, а гледав што се случува: Симон исчешлан со ниската руса коса, испеглан, се качува на коњот оддеднаш, гордо, како кога некој те гледа и ти е важно како се качуваш на коњ, да не изгледаш клекав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Видливо почна да слабееш, не ти беше лесно, некако ја изгуби насмевката од лицето, барем дома.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не ѝ беше лесно да ѝ погледне на Елена в очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не беше лесно да се зборува на друг јазик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во таа борба неколку сејмени беа лесно ранети, та мораа да се задржат, колку-толку да се повлекуваат; барем пристојно да бидат преврзани за да можат да го продолжат патот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Направија скали само од луѓе, најзгора можеше само еден да се појави, та на одбраната и беше лесно да се справи со нив бидејќи и внатре беа малку луѓе засолнати и вооружени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе ни новата средина не ме оптоваруваше, покрај Евтим со кој бевме во еден клас, стекнав и други пријатели, ми се отвори главата и сѐ ми беше лесно, дури и математиката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ставаше весело на душа ми и беше Лесно и мило в божиј храм, Мој дух бе смирен и тих, не се злеше;
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Не беше лесно да се проникне во суштината на Мајкината душа, обвиткана со густите слоеви на тишината во која, најчесто, се криеше нејзината самотија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знам дека не ти беше лесно! – Така беше, мила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најстариот брат, кој го испрати писмото, нѐ храбреше нас помалите, но и нему не му беше лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Продолжуваше да нѐ храбри. Но и нему не му беше лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не беше лесно да се адаптира логиката на спомените во одамна збиднатите времиња, со прагматичните цели на Татко и на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И знам, не ти беше лесно во душата. Се изложи на големи опасности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше, наспроти Чаплин, Форд, Роселини или Хокс, прилично невротичен, и не му беше лесно таа своја нервоза да ја наметне на целиот свет.“ Франсоа Трифо (Francois Truffaut) Margina #21 [1995] | okno.mk 31
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му беше лесно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не беше лесно да се пронајде оваа одломка бидејќи таа звучи како квинтесенција на Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
МАСОВНИОТ ИНДИВИДУАЛИЗАМ Е НОВИНА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
” Овој навод (чиешто потекло пак не беше лесно да се пронајде) потекнува од славниот расказ на Борхес “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” со кој почнуваат Измислиците (1944).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот е преземен од „Паскаловата сфера“, еден есеј од книгата Otras Inquisiciones (Други истражувања), од 1952-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи Дерида нѐ предупреди на значајноста на ваквите надворешни, “гранични” елементи како што се епиграфите, накусо ќе ги разгледам можните значења на тие одломки од Борхес и Џојс во врска со “Платоновата фармација” како посреден начин да се изнесат некои согледувања за односот помеѓу Борхес и Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше Берлинскиот ѕид тој што ја штитеше “империјата на злото”; тоа беше електронскиот ѕид, којшто беше лесно пробиен од MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
МекЛуан и Фуко јасно покажаа дека слободата зависи од контролата над технологиите што досегаат до мозокот - телефоните, печатот, неврохемикалиите, екраните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Душата ми беше лесно раздразлива, слаба, кршлива, чувствував нарушена рамнотежа помеѓу свесното и несвесното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најлесно е да отфрлам се и да се вратам на мојата мизерија, зошто чекорот надолу и падот кон бездната беше полесен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојата љубов нема да избледе, нема да старее со годините.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се надевам дека дождот некаде ти ја мокри косата како и мене и кога животот нема да ти биде лесен, кога ќе бидеш налутен и скршен ќе се сетиш на мене и колку беше лесно да се живее животот и топлина ќе ти ја обземе душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ми беше јасно ништо, само гледав како Бистра и Мони ме гледаат и слушав како сестра ѝ на Бистра заедно со Јасмина го сечат воздухот со лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и претходно имав пробано да се качувам на мостот, па видов дека на првите неколку скали беше лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги натера на бегство, но и бегството не беше лесно, немаа начин да се пробијат од труповите, полегнати еден врз друг, правеа купишта пречки.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Но не беше лесно со религијата. Тука тешко можеше нешто да се копира, пресади, наложи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Да беше тука татко ми, ќе беше лесно, - гласно размислував јас: - Што да сториме: Чавка вознемирено рече: - Таа може и да умре ноќеска.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но и нему не мѕ беше лесно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Колку што мене ми беше лесно со него, да даде господ, толку лесен да му биде животот“, повторуваше мајка му Ица и истовремено се сеќаваше на својот премолчено уште сакан љубовник Дракче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Кривашија не му беше лесно сето тоа да го премолчи и затоа почна да попаѓа во немилост што својата сурова разврска ќе ја добие за време на Информбирото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сребрената жица сѐ потенко се стегаше околу гушата на Марко, а тој иако вознемирен, уште си размислуваше вака: „Зарем на валијата му беше лесно да ми го предложи она?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имав аргумент и противаргумент и за двете варијанти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми беше лесно да решам што повеќе сакам: дали да останам уште некое време во Скопје, или да заминам заедно со моите во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)