бев (гл.) - здодевен (прил.)

Полека-полека увото свикнува, а се почнува од полесна за слушање музика, па се оди кон потешка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не му беше здодевно, не чувствуваше потреба за разговор или за разонода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но кога ќе ми беше здодевно да цртам и да ја ггрелистувам сликовницата, ќе седнев на столчето и ќе разговарав со кучето Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дора веќе почнуваше да се лути од што ѝ беше здодевно на тротинетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Упорно брчеа муви, упорно беше здодевно и запарно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)