За Татко беше засекогаш заклучена надежта дека ќе се најде сонуваната брава за еден од Мајкините балкански клучеви.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Зошто тие кои беа заборавени постанаа вечност, а тие кои очајно ја посакуваа вечноста беа засекогаш избришани од срцето на универзумот...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Често во неговите наследени книги со старо турско писмо, пепелта од неговите цигари при занесните читања се истураше и врз синкавите персиски минијатури, арапските арабески, небаре неговиот лик беше засекогаш заробен во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Многу брзо по она негово враќање, побрзо одошто можеше и да се претпостави, братучедот повторно замина во оној ист правец, или, поточно се врати таму од каде што беше дошол, ѝ се врати на смртта, но овојпат тоа враќање или зминување беше засекогаш. ...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И ние ја сакавме, над сѐ и пред сѐ. Таа беше засекогаш во нас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но на другиот брег беа засекогаш исчезнати Евреите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, централната точка, во која постигнаа согласност Татко и Камилски беше: Отоманското Османското Царство беше засекогаш згаснато, како и другите империи на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)