бев (гл.) - заедно (прил.)

Ние децата си спомнувавме на нашите кози, кога бевме заедно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама во време на одморите бевме заедно во училишниот двор. Најчесто игравме брканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш учевме одвоено по одделенија - само девојчиња и само машки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, колку и долго, не само што беа заедно туку и спиеја еден покрај друг, не се случило да заспијат во ист момент - така било само кога биле деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од предењето поубаво има ли!? И оваа вечер тие пак беа заедно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А сѐ започна од мојата наредна пријателка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние со неа бевме заедно веќе десеттина дена и таа мене добро ми здодеа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А понекогаш посакував да сум сведок и на она што се случуваше кога не беа заедно, она што им се случуваше во отсуството на другиот, во нивната самотија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го сретнав кога тој имаше девет години, а јас две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Посакував да можам да ги видам сликите кои трепереа во нивните мечтаења и да ги насетам нивните мисли, сакав да знам што ќе си речеа кога би паднале воздржаноста, непријатноста, срамежливоста, сакав да ги видам движењата на нивните тела во мигот кога желбата би надминала сѐ останато и би направила кожата на нивните тела да биде единственото нешто што ги одвојува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше нешто од тоа соединување на сенките, од тој допир на одразот, од тоа преплетување на две недофатливости, во оние мигови кога Рајнер и јас бевме заедно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
93. Бидејќи Мисирков беше заедно со Д.Груев во Белград, заедно избегаа во Софија, а потоа и двајцата ја напуштија Бугарија, треба да се примат со доверба овие зборови, особено пак ако се имаат предвид и некои новооткриени документи од бугарските архиви од тоа време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тој човек Змејко беше заедно уште од првиот ден во Задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- За Томо ти зборувам, занесена Радо! Пред три недели бевме заедно на летната тераса на хотелот Куба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Договорот за наредниот ден беше заедно да патуваат до патоказот што се двои од патот Нови Сад - Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И додека ги гледам сите сувенири по дома се сеќавам само на тоа како горевме и течевме додека бевме заедно...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, со песни и подбивки, со нови, штотуку збиднати љубови, и со кон под отворено небо, секој ден и секоја ноќ, во текот на две седмици, додека не се исушеа црепните, односно додека не беа пренесени по домовите, во кошарите, жителите на Потковицата беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш бев заедно со Витомир. Капетан Мирковиќ секогаш ми даваше по некој војник за испомош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе предојдеше Богдан в село, пак беа заедно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Крај Богдана е застаната Видуша. Тие како соседи, секогаш беа заедно, не се делеа; заедно доаѓаа на училиште, заедно се враќаа, заедно играа во дворовите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе беше заедно со другарите, беше среќен и правеше сѐ што ќе му речеа тие: одеше каде што ќе го пратеа, носеше сѐ што ќе му побараа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А можеби пак ние бевме заедно во еден дом, во една соба проклет да бидам, можеби оној Методија Гришкоски е твојот брат, изрод, неможно...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега првпат откако бевме заедно во домот, го спомна името на својот татко Ране Кејтен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Целата соба беше една неизвесност, ѕидовите се оддалечуваа еден од друг, ослободуваа за невидливи сеништа и мали безоблични чудовишта темни простории без дно и без крај како некогаш одамна, во неговото детство, кога наесен умираа старците и зеленилото, умираа иако не беа заедно родени, и умираше се во неговата улица со шест џамии и еден бунар од кој ноќе излегуваа проѕирни жени со долги коси и зли, ничии јарци со бели очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разделија! Не беа заедно но се почитуваа. Судбината сакаше да се вратат обајцата во Рамалах, во родната Палестина и тука да ги закопа смртта!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш со тивките пораки, со длабоките метафизички засеци во душата на страдањето на палестинскиот човек сметаше дека не беше дојдено времето, вистинското време за враќање во Палестина според диктатотна договорите од Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние две постојано бевме заедно, зашто бевме врснички, но немавме никакви играчки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Иако не се помрдна од столот, во умот тој трчаше, брзо трчаше, беше заедно со толпата надвор; викајќи до заглушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент ја сакаше далеку повеќе отколку кога било порано, додека беа заедно и слободни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тука, во судницата, тогаш, во тој миг почувствував дека јас и Ема сме ние, и знаев дека и Ема почувствува дека таа и јас како и секогаш и тогаш, во судницата, бевме тоа – ние, кое никогаш дотогаш, додека бевме заедно, не го изговоривме така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заради акцијата „Елитен секс“ ние често бевме заедно со Ниротакис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш јас нема да имам солзи што ќе ми го браздат лицето, како што најчесто се случуваше кога бевме заедно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш јас нема да имам солзи што ќе ми го браздат лицето, како што најчесто се случуваше кога бевме заедно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниротакис и Авни веќе две години беа заедно, на иста задача, иако двајцата се занимаваа со различни бизниси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Иако постојано бевме заедно во работниот дел на денот и сосема сами во неговиот стан, по завршувањето на службените обврски (доцна попладне или навечер си одев дома, кај син ми Ѓоко, и ниедна ноќ не отсуствував од дома) ретко легнувавме, а кога ќе легневме работата си ја свршуваше како службеник со однапред зацртан план.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Последен пат бевме заедно некаде во октомври, зар помислив тогаш дека тоа ни е последниот пат во Маврово…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога децата беа мали, бевме заедно на неколку денови во Париз, да го видат Дизниленд.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Првпат откако беа заедно. Тоа зборуваше повеќе од сѐ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со Илко станаа многу блиски, постојано беа заедно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја засака Злата и не можеше без неа. Постојано беа заедно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога бевме заедно, ти не пиеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најмногу зошто во себе, во делчето на тоа некогашно „јас“, добро се сеќавам дека тогаш ние не бевме заедно. Мислам, мајка ми и јас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа на Аце тешко му паѓаше. Се чувствуваше осамен, празен, потиснат од другар со кого толку години беа заедно и кои не можеа еден без друг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Чек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттогаш, кога времето ќе дозволеше, се состанувавме еднаш или двапати неделно, освен оние две недели во Кадаквез кога бевме заедно по цел ден. 26 искази за Дишан Историја Останува опасноста дека ќе излезе од торбата во која го ставивме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа одговори потврдно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Времето ќе го промени секој од нас, па како може да очекуваме да бидеме истите како пред тоа кога бевме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, помислата на долго сонуваниот сон, никогаш не заборавен ме исполнува со топлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но… Jас и Филип многу често бевме заедно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Останатите неколку денови по цел ден бевме заедно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој ми намигна, а Бреза, којашто беше заедно со него на тенис, се стрча по мене на крај лифтот и почна да моли: - Земи ме и мене!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие двајцата просто се засакаа и беа вознемирени ако не беа заедно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден господ знае како стана тоа така, а сите бевме заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали ме изневери со друга додека бевме заедно, но затоа знам дека ги изневери сите можни вредности кои одеа паралелно со љубовта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак, многу кратко време бевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме праша дали го сакав додека бевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)