бев (гл.) - завиткан (прил.)

Бидејќи пакетчето однадвор беше завиткано, Душка не можеше ниту да претпостави што се крие во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па така мораше да ги извлече дрвата горе во селото, по угорница да се движи полека се додека не се пробие низ облакот во кој беше завиткано селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа се чини неверојатно но јас и денес можам со часови да го следам оддалечувањето на братот на татко ми во придружба со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лицето ѝ беше завиткано в темен превез од силните рефлектори поставени зад неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го грабнуваше, така како што беше завиткано во пелени, и беше со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За моите детски очи тоа заминување на мојот стрико рака под рака со смртта колку и да беше завиткано во тајновитост, во тажна и жална тајновитост, претставуваше и еден вид помирување на животот со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Врз асурата во гробот го фрлија кетинот со кој беше завиткано телото, а врз нив ја нафрлаа тргнатата земја и го наместија гробниот камен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)