Навистина беше забавно да се гледа во огледалото, да го плази јазикот и да се кривули.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не велам дека не беше забавно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Разбира се, професорската елита требаше да го следи примерот со форсирање на соодветен имиџ. Хе, хе, ова беше забавно.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Јас немав ништо против да бидам член на групата „среќни дебили” и тоа ми беше забавно, но имав против татко ми да ми припишува туѓи особини.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, сакате да ви кажам зошто не читам? – неочекувано праша Огне. – Ако сакате да знаете, не читам зашто писателите не пишуваат интересни книги.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нејзе тоа ѝ беше забавно, па смеејќи му се дека го замолчала повеќе го хранеше како дете одошто самата јадеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сигурен сум дека е фасцинантна но јас би сакал да чујам нешто повеќе за „музиката за кршење плочи“. Баш беше забавно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Впрочем би можел да го претпоставам крајот: очигледно било веќе бесмислено да се продолжи и вие покорно сте го признале тоа, и тоа е тоа, а? Нели било така?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)