Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Исто така, уште од дете бев екстремно сензитивна и понекогаш се чувствувам како од буквар да ги читам туѓите емоции, а според тоа и нивните дела.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Симона не беше екстремно дебела, секако имаше некое килце вишок, плус целулит кој што камерата внимателно го регистрираше, ама народот си ја завика дебелата Симона поради фрустрацијата дека не може на друг начин да му се оддолжи на Стојан поради сите добрини што тој ѝ ги прави на земјата години наназад.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)