бев (гл.) - дома (прил.)

Го зедов куферот и, една по една, ги фрлав кошулите внатре, ставив две сакоа и пантолони и ставив две кравати, а двете пак пеперутки машни, една црна, една бордо, ми беа дома, во главниот град, во С.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, тој не беше дома, туку на риболов.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој не беше дома, па писмото го прими Пискулиев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Знам, ми рече таа. Но, болен е. Има треска. Вчеравечер цела ноќ не беше дома. Настинат е“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да беше дома, немаше да отстапи од „дневниот план“ - да вика по палавите дечишта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Честите посети го зближија со оваа „изгорена женичка“ и една вечер, кога Трајко не беше дома (а Трајко често беше на колибата при стоката) Толе и Митра се најдоа во една постела!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се доближи до куќата, Милан сфати дека Кети не беше дома.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пријатно беше дома, убаво мирисаше лебот што се пече, жареше разгореното огниште, играа одблесоците од пламенот по зачадените ѕидови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, бидејќи Рада не беше дома, ѝ го предаде на Светлана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па, рекол селанецот, бев дома, кога почувствував дека нешто се тресе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
11 Осамна обично, облачно утро. Томето беше дома, штотуку се имаше вратено од продавница, ги аранжираше цвеќињата на прозорците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дури во дваесет и три часот, кога веќе беше дома и во постела - во темнината, безбеден од телекраните сѐ додека беше тивок - беше во состојба да размислува непречено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако беше дома и ако го чуеше езанот на муезинот за акшам намази, се завртуваше кон Тодора и важно соопштуваше: „Акшам намази”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Долго не беше дома. Ништо не знаеше за нивните животи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Елена приседна на столчето крај вратата. Двете сестри беа дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И така, кога мајка му не ќе беше дома, ја носеше Злата на таванот и застануваа крај огледалото, кое, како некој маѓепсник ги поземаше и тие се губеа во него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Обично, во тоа време во кое телефонирав, беше дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вели, така правевме и кога бевме дома, на Кубан.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И тоа беше дома... Дома... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица обесена во ќошот и масленичето што без престан гореше пред нејзиното лице и молитвите тивко шепотени – за здравје и бериќет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стигнавме во станот на Амбросели. Оливие не беше дома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Саше беше дома. Седеше на терасата под густата лозница и уживаше во ладовината што си ја направил прскајќи го долго дворот со црево.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама тој ден, малку и се подисплашив. Ептен беше разбеснет, а и сами бевме дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И јас утре заминувам на одмор. Одам во Охрид – рече тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)