бев (гл.) - дискретно (прил.)

Според интерниот партиски договор, кој своевремено му беше дискретно пренесен и на Чанга, козите требаше да се вратат во селата, таму да се заколат, или овде, во градот да им се отстапат на народните мензи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Средовечната госпоѓа беше со изразито црна коса, малку приобоена, што и завршуваше во локна во полукруг околу вратот, со исто така црни, големки очи, носот изразито издолжено спуштен над горната уста и малку подзапрчен над полничката горна усна поради што горните заби, бели и сочни ѝ остануваа подоткриени. Беше дискретно нашминкана.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не беа задоволни од мојот извештај, од поглавјето за јагулите, колку и да беше дискретно предочен, криеше некаква тајна, мистичност, излегуваше од партиските шеми на пролетерската наука.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)