Немаше место игла да фрлиш, а најмалку беше возможно да ставиш крпа за сончање.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Значи: имаше нешто меѓу нас, но имаше и нешто помеѓу нас како пречка, нешто што ја спречуваше Луција да ми се предаде; не беше возможно таа млада девојка, за која и денес знам дека ме посакуваше, не беше возможно велам, да не биде со млад маж само затоа што има некакви обврски, кои сите ги имаме, секој ден.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го гледаа како се слеа со полето, како потона во таа ноќ, како се спушти и над него тој нејзин плашт од сината месечина; гледаа кон таму се додека беше возможно да се забележи барем некое најмало движење на она место, каде што се искри од нивните погледи во темното зеленило, а после сите молчејќи се враќаа во своите легла, изморена и претепани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не беше возможно тука нешто да се префаќа, да се подправува, да се поднаместува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа не беше возможно.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
По смрта на брат и за мајка ни завршија погребите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И навистина беше возможно со помош на диференцијалните равенки да се формулира и да се формализира баш сè што постои на овој свет.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Оф, да би господ ти платил, бре чоече - му рекол со полојна душа 'рсланот - јачејќи и плачејќи од болештината на ќотекот, што беше го јал; Ако знаев, оти ти си имал две јунаства, не беше возможно да се обложував со тебе јас да се борам, ами ај нека ми е за ум и за сите животинки за урнек, да гледаат од мене и да знаат, оти чоекот, ако е живо месо без заби и нокти големи, пак јет појунак од сите живи ѕверој на веков, чунки имат две јунаства, да 'и ваќа сите ѕверој и со другото да 'и тепа и отепа наместо, како што сум сега јас отепан.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)