бев (гл.) - внатре (прил.)

Десетината петнаесет четници што беа во колибата се поздравија со Толета и Трајка по комитски: „Смрт или слобода!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и Трајко влегоа по овчарот и овој им ги претстави на тие што беа внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кочо застана на врата. Дека беше внатре темно, човекот, станат веќе да го среќава, му се стори како затворник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И се што се случуваше со мене од тогаш, убиваше полека, гребеше, сечеше и го отуѓуваше тоа што бев јас, тоа што го дефинираше моето битие и мојот лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцево ќе ми препукнеше од горка тага, тие зборови болеа, го парализираа секој атом од моето телесно постоење, сетилата како вакум го задушија тоа што беше внатре во душава и го замрзнаа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подадов рака за уште еднаш, сега во ова ноќно доба, да ја видам увеличената фотографија што беше внатре и која ми ја беше испратила жена ми Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога пилињата беа внатре заклучени, имаа навика да скокаат на первазот од прозорецот, но овој пат таму се случило тоа што Милан не го предвиде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кон мене се вртеа истутканите лица на патниците.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каква глума, кога опасноста беше внатре, само триесетина секунди по затворањето. Бевме наполно сами!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иринка беше внатре. Само нозете ѝ стрчеа над водата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бевме внатре, во неговата соба, а однадвор на прозорецот, видов како мачето гребе со малата шепа по прозорецот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој не беше внатре. Собата неверојатно смрдеше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога дојдов следниот пат тој беше внатре и не сакаше да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ќерката и внукот сè уште беа внатре во собата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да беше внатре, ќе немаше место.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Божин како што се наближи кон огнот ја нагази матарката што беше непосредно до германскиот окоп, а Германците беа внатре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)