По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал – сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури другиот ден приквечерта, додека уште беше видно и кога веќе потерницата по него се ширеше од затворот во бранови што спласнуваат, Баге се обиде да се извлече од дупката во коренот на џбунката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, овојпат таа беше видно изменета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На мама ли ти личи или не?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бреза – беше видно возбуден брат ми – тебе тоа не ти изгледа чудно?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)