бев (гл.) - брзо (прил.)

Овој незначителен случај беше брзо и лесно заборавен поради новогодишните расположенија во кои владее потрошувачкиот менталитет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Обидите на групацијата концентрирана околу фамозните Милош Коџоман и Драгољуб Бежан (проекти - дрога, УФО...), како и околу луцидниот поет Владо Шопов, беа брзо задушени и збришани од сцената со најпростачки малтретирања, што од страна на комунистичкиот естаблишмент што од уличните ропаци поникнати врз една крајно дегутантна вестерн-шпагети-култура и партизански мачоизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не беше лесно Хабиб Бургиба да се врати од историјата во која беше брзо заоден и зајден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Ла Гулет, Хабиб Бургиба, јавнат на вистински бел коњ на 1955 година првпат стапна на туниско тло откако им ја донесе на Тунижаните долго посакуваната слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној стан што го демнев. беше брзо и подвижно како мачка, но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)