бев (гл.) - бескраен (прил.)

Колку се убави тие твои години, - воздивна таа по малку натажено. Ѝ бев бескрајно благодарен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеби не беа многу денови, но секој од нив беше бескрајно долг, а сите нанижани еден до друг претставуваа мачна бесконечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги кревав едно по едно пред моите очи; беа разјадени од молци, изгледаа како пајажина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, ние се оженивме и бевме бескрајно среќни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги позедов, беа бескрајно лесни, како што во меѓувреме ми се беше олеснила душава од очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да го запознаам Игбал, им бев бескрајно лута на моите родители што ми го упропастија животот со такво име.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)