Дури и кучешкото лаење беше замотано во цврста обвивка на поинаква смисла.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Језуитите беа верна духовна милиција на папата, за разлика од јаничарите кои беа физичка армија со однапред кастрирана духовна моќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А во себе понекогаш чувствуваше икање, само што тоа не беше физичко икање, туку икање на пулсирачкото непостоење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ова беше физичка смрт на убедувањата и принципите на еден човек.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Со оглед на тоа што Ратка беше физички надмоќна Трпе стана дури и жртва на семејно насилство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Осаменоста и безбедноста беа физички чувства, помешани на некој начин со уморот на неговото тело, со мекоста на фотелјата, со допирот на благото ветре од прозорецот кое си играше врз неговиот образ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)