бев (гл.) - употребен (прид.)

Тоа што тука се зборува за едно првотно писмо не значи дека се тврди неговиот фактички хронолошки приоритет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Граматологија: “Расправа за буквите, за алфабетот, за слоговите, за читањето и за писмото”, Littré.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку што нам ни е познато, овој збор, сѐ до денес, беше употребен со цел да го означи проектот на една модерна наука, единствено од страна на I J. Gelb.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А каменот што излегуваше од рацете на народните непријатели беше употребен за градење вили за народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во суштина, иако не беше употребена за ниедна од тие цели, туку само за автоматски процес на производство - произведувајќи добра кои понекогаш беше неможно да бидат дистрибуирани - машината навистина и значително го подобри животниот стандард на човечкото суштество во еден период од околу педесет години, на крајот од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Мислите на деновите кога првпат беше употребен“, прашав?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А во ЗТПОК (1993) зборот „франшизинг“ беше употребен само еднаш – во делот на казнените одредби (чл. 101, ст.1, ал.4) – од што имплицитно под овој термин се подразбираше „облик на располагање и/или продажба на општествениот капитал“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Всушност, франшизата претставува практицирање и користење на бизнис процеси на некој друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)