бев (гл.) - уморен (прид.)

Беше уморен до мачнина. Конфузно потскокнуваше неговото срце, вечното стоење во задушливо-мрачната соба беше преголем напор, предолго да се дава вештачко дишење беше злостор над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сите беа уморни, генералот нервозен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Девојките од Скопје и Струмица беа уморни, но не ги фаќаше сон.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако бев уморен, влегов во еден кинески ресторан за чии специјалтети бев слушнал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше уморен, но не му се спиеше повеќе. Го отвори прозорецот, ја запали малата валкана печка на нафта и стави чанче со вода за кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јован Стрезовски Животраг (1995) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 Синоќа беше уморен и како што легна, така заспа, облечен, обуен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сите бевме уморни од музејската верска историја што ни се нудеше во пресилни дози и за толку малку време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Два залака намокрен ѓеврек и парче сомнителна ’посебна’ салама подоцна, веќе беше уморен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Хронично бев уморна и исцрпена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти легна на една клупа на аеродромот Хитроу, беше уморен и исцрпен.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еден друг ден повторно почнав да ти се дерам кога ми побара нешто да ти подадам, не можав веќе да издржам, ми требаше сон, бев уморна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Очите на машинистот не беа зачудени, беа уморени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На зарамнинките сега подолго се одмораа, зашто навистина беа уморни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сто приказни за самовили, ѓаволи, шумски духови, џинови и џуџиња ми се моткаа низ главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И јас бев уморна и уплашена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Воопшто не се посомневав, поседовме уште малку, па бидејќи бев уморна, си реков дека ќе спијам и ништо нема да му речам или да го прашам зошто е тука во Кичево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вечеравме, го викна келнерот, Мане му плати и побара една соба за ноќевање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во мислите му се отвораше светот, полн со секакви потреби, нужди и страв во разни облици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На таа полјанка, порано, заедно си играа децата од улицата – Девиневци, Вотеровци, Дановци, малиот Кеог Куциот, таа со своите браќа и сестри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во ова утро везирот беше уморен и ненаспан, ама мирен и прибран; клепките му беа тешки, а лицето како заледено во свежината на утрото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)